Мамо, јас сум дебела!

Медиумите нè преплавуваат со неверојатна количина на контрадикторни совети поврзани со храната и исхраната, но и со тежината и изгледот. Се поставува прашањето како да му се помогне на детето да изгради здрав однос кон храната, но и кон своето тело?

0
162

Кога малото девојче, ќерка на водителката Шевон Хант, неодамна ја кажала оваа реченица, нејзината мајка останала запрепастена. „Беше збунувачки; Никогаш не сум зборувала за себе или за своето тело на таков негативен начин и не знаев зошто таа го кажа тоа“, рекла Шевон.

Создавање асоцијации за добра храна

Кога станува збор за односите што ги имаат нашите деца со храната и со своите тела, д-р Џенифер Коен има стручно знаење и совети за сите родители. Таа вели дека нашите постапки, а не зборовите, се клучни за создавање на добри и здрави асоцијации на храната, како избегнување на придавање на каква било вредност на храната.

„Само што почнуваме да учиме од каде нашите деца ги впиваат информациите за негативните асоцијации со храната и својот телесен изглед. Дури и ако не сте го кажале вие тоа, тие можеби го слушнале од некој од семејството или од децата на игралиштето“, вели Џенифер, додавајќи: „Децата денес, од рана возраст, благодарение на социјалните медиуми и воопшто на медиумите, многу повеќе користат зборови како прекумерна тежина и дебелина“.

За „добрата“ и „лошата“ храна …

„Мора да бидеме навистина свесни за начинот на кој зборуваме за нашите тела, како и за храната што ја јадеме пред децата“, вели Џенифер. „Кога бевме мали, ја означувавме храната со „добра“ и „лоша“. Сега не се служиме со тие зборови и мора да бидеме внимателни за да го избегнеме означувањето на храната како добра или лоша. Лоша храна е само таа храна што не можеме да ја јадеме, на пример, ако е расипана или мувлосана, и тоа е сè“, порачува докторката.

Џенифер објаснува дека истото правило се однесува и на употребата на зборови како „здраво“ и „нездраво“. „На децата здраво не им значи премногу како збор. Како што децата стануваат постари, имаат проблеми со сликата за сопственото тело, а потоа почнуваат да користат јазични ознаки околу храната“.

Што можете да кажете кога децата бараат сладолед за време на појадок?
Џенифер препорачуваат пристап кон храната од перспектива на она што таа може да го направи за нашето тело.

„Кажете нешто како, ова е брокула, зелена е, изгледа како дрво и содржи витамини што ќе ви дадат сила“, вели Џенифер. „Или, ова е месо, содржи железо и тоа му дава на вашето тело доволно енергија за трчање низ паркот или за гимнастика“.

Разговорот е поинаков кога тогаш кога станува збор за храна како чоколадо или сладолед или лижавчиња и чипс.

„Во тие случаи, можете да кажете дека таа храна нема да му даде толку многу енергија. Тие не се толку корисни за твоето тело и не му помагаат да прави работи што сакаш тоа да ги направи“.

Избегнувајте наградување со храна

Дали на вашите деца им нудите чоколадно јајце како награда по стресно патување или сладолед како награда за јадење здрава вечера? Сите ние понекогаш го правиме ова, сепак д-р Џенифер вели дека оваа навика прави повеќе штета отколку корист.

„Ако ја користите храната како награда, тогаш вашето дете почнува да мисли дека храната е добра и посебна или лоша. Ние сакаме да го избегнеме тоа, нашата цел е да работиме на почитување и разбирање на тоа дека секоја храна е добра за нас – важно е само да имаме баланс и рамнотежа“, заклучува д-р Џенифер.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]