Мамо, сакам да се убијам, помогни ми, мамо!

Јас имам 16 години и огромни акни, јас сум една од оние со кои никој не сака да се дружи. Од кого би можел да побарам помош? Јас сум онаа со кратерите која предизвикува смеа кога ќе влезе во училницата. Уште еден ден на училиште би ме убил, тогаш подобро е да се убијам сама.

0
553

„Нека биде анонимно, моето име и презиме не значат ништо, тоа им се случува и на Ана, и на Марија и на Елена, и на Марко и на Петра. Но, нека биде јавно, за да можам да му помогнам на некој што ја гледа смртта како излез.

Имам 16 години и огромни акни кои некои момчиња од класот ги нарекуваат „кратери“. Ги слушам кога велат: ‘Еве ја оваа со кратерите’. Понекогаш ќе се слушнеше и ‘фуј’. За мене, онлајн-наставата дојде како спас од понижувањата.

Затворете нѐ, ви благодарам, само никој да нѐ ме гледа како чудовиште. Не сакав да се убијам поради тие акни, тие само го засилија чувството на неприпаѓање и пониска вредност што ги влечам уште од основно.

Јас сум една од оние со кои никој не се дружи затоа што е повлечена, молчелива и тивка кога ќе проговори и има лице од кое сите за гадат. Неинтересна.

Се случуваше некој да слави роденден, а другиот ден на училиште да дознаам дека единствено јас не сум била поканета. Тоа е болно, иако на постарите сето ова за што пишувам сигурно им е смешно.

Тие имаат „стопати поголеми грижи од моите акни и од отфрленоста“.

Моите родители постојано зборуваат за станбен кредит затоа што не сакаат повеќе да бидеме кираџии, но не заработуваат доволно, па татко ми почна да работи уште една работа и сега речиси повеќе и не го гледам. Мама е постојано нервозна поради тоа, вели дека ѝ е сѐ преку глава.

Ние не разговараме освен она: ‘Како беше на училиште? Имаш домашно? Како помина на писмената?’

Одлична ученичка сум, имам четворка само по математика. Сакам да учам, никогаш немале проблеми со мене. Три години тренирам пливање со скокови во вода. Тренерот е многу задоволен од резултатите. Значи, моите родители немаат ниакков проблем со мене и тоа, колку што сфатив, е причина зошто не разговараме, бидејќи сум вредно, работливо дете кое нема проблеми.

Но, не е сè така. Ниту одблизу. Би сакала да добиев писмена задача со темата: „Самоубиство – кукавички или херојски чин“. Тогаш ќе можев барем некому, професорката е прекрасна жена, да му напишам како се чувствувам.

Можеби меѓу редови ќе сфатеше дека не сум добро, иако изгледам речиси како секој ученик во училницата, па ќе посакаше да разговара со мене.

Ми требаше разговор, но не сакав тоа да биде со родителите. Неколку пати се обидов да им кажам дека се чувствувам отфрлено и тажно поради лицето, но тие само рекоа: ‘Хормони, ќе помине. Мачкај ја онаа крема’.

Замислете да им кажев дека помислувам да се убијам. Немаше да ме сфатат сериозно, особено мајка ми. Ќе речеше дека е пубертетска фаза и дека сите ја имаат. Ќе ги повредев, ќе ги загрижев, а веќе имаа доволно проблеми. Се чувствував ужасно тие денови, повторно тргнавме на училиште и повторно ме исмејуваа. Секое одење на кожен лекар кој ми го гореше лицето со некој течен азот, само правеше уште поголем проблем.

А само сакав да се вклопам, некој да ми даде шанса да му се допаднам, не сум секогаш молчелива, но сите се тргаат и јас се повлекувам уште повеќе. Неколкумина, со кои го поминував големиот одмор, го правеа тоа од сожалување, барем јас се чувствував така.

Беше седум часот навечер кога излегов од дома тој ден, татко ми сè уште беше на работа, мајка ми гледаше станови на нејзиниот лаптоп. Ѝ реков дека одам на прошетка, а таа кимна со главата.

Зградата од која планирав да скокнам почна да се гради, па престана да се гради, има дупка во оградата и тука се провлеков.

Се качив полека, како да одам кај некого на посета, без страв што одам да се убијам. Тешко е тоа да се објасни сега, како да си свесен за себе, а не си.

Ги сакам мама и тато, знам дека и тие ме сакаат, знам дека сакаат стан за некоја подобра иднина, но во тој момент јас не сакав иднина, не сакав да одам на училиште и ми беше тешко да кажам затоа што знаев дека тоа ќе ги скрши, тие секогаш мислат дека се во право затоа што се постари и дека ние измислуваме проблеми.

Прво застанав на работ на покривот, а потоа седнав. Нозете ми висеа и за момент беше убаво. Почна да врне и јас го вадев јазикот за да ги фатам капките како кога бев дете.

Набрзо сè ќе биде готово и дождот ќе биде минато. Почувствував вртоглавица затоа што станував сè посвесна дека наскоро ќе се фрлам и се сетив на крвта која не ја сакам, но не се сакам ни себеси. Дождот врнеше сè повеќе. Одлучив да го направам тоа од седечка положба, иако скокот на глава ќе беше посигурна смрт. Вежбав последните месеци на тренинзите, иако во базенот.

Вчера петмина ми рекоа да се запалам и дека мене не може да ми помогне ни филтер. Дали знаете како се чувствувам тогаш? Како гомно! Гомно од кое сите бегаат. Гомно премачкано со бело, со дупки, кое не знае да се одбрани.

Малку се поместив нанапред.

Од кого би можела да побарам помош? Јас сум таа со кратерите што предизвикува смеа кога влегува во училница. Уште еден ден на училиште ќе ме убие, па затоа подобро да се убијам сама. Родителите не би ми верувале, не сакам да ги повредам со својот ‘глупав проблем’.

Заѕвони телефонот. Мама. Не се јавив. Ѕвонеше петпати, а потоа повторно по неколку минути. Можев да ја замислам како почнува да му крева паника на тато, бидејќи јас сум добро дете кое никогаш не прави проблеми, се враќа кога ќе каже, легнува навреме, чува сè во себе за да не повреди никого, глуми дека е во ред, се смее сосила, се затвора во соба за да чита лектира.

Почнав да плачам. Во тој момент ми беше жал и за нив, и за мене, и за Дуња, нашиот мелез кај баба ми во дворот. Само нејзе не ѝ пречеше моето лице.

Плачев, и плачев, и плачев, го извлеков телефонот од јакната, ѝ се јавив на мајка ми и плачејќи ѝ реков: ‘Мамо, сакам да се убијам, помогни ми, мамо!’ Почна да ме смирува, избираше реченици, ми рече да останам таму додека не дојде. Но, не сакав да дојде сè додека не ѝ кажам сè, не сакав да ја гледам во очи.

Ѝ кажав сè, дека сум ништо, дека ми велат да се запалам себеси наместо акните, дека се чувствувам лошо, дека не сакам повеќе да одам на училиште, дека не си го сакам животот.

Таа само плачеше повторувајќи: ‘Душа на мама, мила мајкина душа убава. Кажи ѝ на мама дека слезе од покривот, те молам, љубов моја, не го прави тоа. Зошто не ми кажа, зошто не ми кажа? Додека двете плачевме преку телефон, дојде тато, мокар, исплашен, липајќи.

Не разговаравме таа ноќ, само сите заедно легнавме во кревет. Мајка ми ми го бакна лицето како првпат да го сфаќа сериозно и ми велеше: Мила моја кожа.

Конечно сфати дека никогаш не бев среќна како што се чинеше. Тоа сознание ја промени. И неа, и тато.

Наредниот ден отидовме на психотерапевт и оттогаш веќе три месеци редовно одам на терапија, некогаш сама, некогаш со нив. Учам да се прифатам себеси. Да се сакам себеси со акни.

Да не ја губам волјата за живот затоа што некој не е добар со мене во одреден момент. Дека тоа не е проблем што не може да се реши.

Сето ова го пишувам бидејќи би сакала да има повеќе вакви теми на писмена, за никој да не помисли дека се лоши, којзнае колку деца не можат да разговараат со родителите, немаат со кого да разговараат, а помислуваат на најлошото.

Би сакала училиштата поотворено да почнат да зборуваат за проблемите што ги мачат младите, за нивните чувства, за превенција. Да се разбијат табу-темите, тоа е поважно од дропките.

Можев да бидам девојка која си го одзема животот пред неколку дена со бесење, но не го сторив тоа.
Може да му се заблагодарам на небото за тоа и на плачниот глас на мајка ми.

Ги молам луѓето, родителите, наставниците, професорите, да сфатат дека депресијата не ги погодува само постарите луѓе, дека нашите проблеми нам не ни се мали и смешни, дека понекогаш тие се поголеми од волјата за живот, дека тоа што имаме само 15-16 години во тој момент не значи многу, а фактот дека ‘животот е допрва пред нас’ создава уште поголем притисок, бидејќи тоа значи повеќе живот со проблеми, дека можеме да го скриеме она што го чувствуваме, особено ако родителите работат напорно или веруваат дека поради доброто однесување, петките и трудољубивоста, немаме проблеми.

Немојте да молчите за ова, бидејќи се случува. Немојте да се изненадувате од вакви теми за писмените. Младите се убиваат.

Сакав да ја прекинам отфрленоста со скокање од зградата. Сите ќе кажеа: ‘Не ѝ фалеше ништо, одлична ученичка, спортистка, нормално семејство’.

Но, ми фалеше, љубов кон себеси.

Постои помош.

Ве молам споделете ја мојата приказна и напишете дека реков дека не е срамота да се побара помош.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]