На првиот училишен ден, кога имав 6 години, со мене дојде баба ми, а ти ни се јави за да видиш како поминало. Две недели, учителката ме молеше да престанам да седам во мојата клупа цел ден и да станам да си поиграм со другарите. На крајот таа дојде до мене, ме погали, ме фати за рака и се обиде нежно да ме подигне од столот и да ме вклучи во играта. Потоа почнав да плачам и се осмелив да ѝ кажам: „Мајка ми ми рече да бидам добар на училиште и да не правам проблеми затоа што во тој случај нема да се врати! Таа ми се насмевна, потоа ме зеде во нејзините раце, велејќи ми дека се шегуваш. Ѝ реков дека не знам кога се шегуваш затоа што не те познавам многу добро. Тогаш нејзините очи се исполнија со солзи и јас ужасно се плашев дека го направив токму она што не требаше да го сторам – ја вознемирив наставничката, создадов проблем и сега нема да се вратиш поради тоа! Долго се плашев мајко, без оглед колку беа луѓето добри кон мене!
Кога другите деца се караа едни со други, тоа обично завршуваше со реченицата: „ќе те кажам на татко ми, ќе видиш ти!“ Секогаш се прашував, што да кажам јас? Некаде во 4 одделение се навикнав на идејата дека имам виртуелни родители. Да, знаев што е тоа виртуелно благодарение на парите што ги правевте, за да можете да ми купите компјутер, таблет и телефон. Имав се и го користев за да разговарам со тебе. Се сеќавам, на училиште направивме честитка за мајките на 8 март и јас не вложив многу напор во тоа. Наставничката ми обрна внимание на ова, а јас ѝ реков дека не е важно затоа што и онака ќе ја видиш таа картичка само на слика.
Моите роденденски торти беа слики, цвеќињата за Денот на жената беа слики… Ти беше слика, мајко! Имав 9 години кога повторно те видов. Дојдовте откако добивте државјанство. Се сеќавам дека ме прашавте зошто не ви се израдував. Молчев. Рековте дека сте очекувале потопол дочек. Мајко, јас не бев срамежлив. Едноставно не сум навикнат да гушкам странци.
Имаше ноќи кога сонував лоши соништа и сè што сакав беше да ме земеш во твоите прегратки за да не се плашам повеќе. Имаше денови кога постигнував некои важни работи, добивав добри оценки и сакав да ти го кажам тоа, а ти да ме прегрнеш. Но, со текот на времето се навикнав на тоа дека прегратките не се за мене.
Во меѓувреме, пораснав. На 18 години ми купивте автомобил и стан, гордо ми кажувавте дека сте се жртвувале за тоа. Иако сум на возраст на која повеќето момци имаат девојка, знаете дека сум сам. Јас сум „дивјак“ кој не знае како да сака.
Сега имам 19 години и ете, се иселив од станот што ми го купивте. Живеам како потстанар, од свои пари, возам автомобил. Не сакам да користам ништо од материјалните работи што ми го украдоа семејството. На 19, како и на 4 години, верувам дека парите никогаш нема да ја пополнат празнината во мојата душа. Мамо, ги нема тие пари што би можеле да те заменат…. за жал.
Текстот е од ТУКА.
Фото: Pixabay