Луѓето кои се соочиле со загуба на дете откриле што би сакале другите да знаат

15 октомври, е Ден на сеќавање на бебињата-ангели, деца кои умреле во утробата на нивната мајка или кратко по раѓањето. По тој повод, порталот BuzzFeed ги замолил своите читатели кои се соочиле со загуба на дете да ги споделат своите мисли и работите што би сакале другите луѓе да ги знаат.

0
314

1. „Ќе имате уште едно дете“ е веројатно најлошото нешто што можете да го слушнете.
„Другите деца не можат да го заменат тоа дете што го изгубив“, е еден од коментарите.

2. Сè уште чувствувам вина и мислам дека можев да направам нешто за да го спречам тоа.
„Мислев дека мојата бременост е ‘безбедна’ по 12-тата недела. Јас навистина не знаев дека спонтан абортус може да се случи во кое било време. Кога во 17-та недела дознав дека моето бебе починало, морав да бидам индуцирана и да го родам својот мал фетус. Никогаш не сум ни замислувала таква болка и тага“, пишува една мајка.

„Никој не ви кажува за количината на вина што ја чувствувате откако ќе изгубите дете или за тоа дека не е изгубено само детето. Вие губите дел од себе. Влегувате возбудени, подготвени да станете мајка и излегувате со празни раце повеќе не знаејќи кои сте“, се согласила жената која го изгубила нејзиното дете при породувањето.

3. Би сакала луѓето да разберат дека не треба да им објаснувам зошто немам дете.
„Трите спонтани абортуси беа предизвикани од вроден дефект на мојата матка и на крајот морав да направам хистеректомија. Дури и по 30 години, сè уште е тешко кога луѓето што ќе ги сретнете прашуваат дали имате деца. Кога велам не, повеќето луѓе не го прифаќаат тоа како одговор. Тие секогаш сакаат да знаат зошто“.

4. Најчесто ја слушав реченицата: „Барем тоа се случило рано“. Тоа не ми дава утеха. Последните осум недели ги поминав знаејќи дека сум бремена и грижејќи се за ова бебе.
„Луѓето треба да научат да не ги кажуваат тие работи. Наместо тоа, понудете рамо за плачење или кажете дека сте таму ако на родителите им треба некој да ги слуша“, се согласила една мајка.

„Мојот сопруг и јас имавме ран спонтан абортус и дури не знаевме дека чекаме бебе додека не го изгубивме. Би сакала луѓето да разберат дека сѐ уште ја чувствуваме таа загуба исто толку силно како и сите други. Само затоа што не знаевме за бебето не значи дека не е реално или дека нема болка“, напишала друга жена.

5. Сакам луѓето да знаат дека не мора да има училишен пример за абортус и дека не се сите искуства со абортус исти.
„Јас дури и не знаев дека сум бремена, мислев дека имам многу тежок период. Но, крвта постојано доаѓаше, потоа исцрпувачки контракции, а потоа се згрутчуваше. Брзав во болницата кадешто ми рекоа дека сум абортирала. Грчевите всушност биле контракции. Не знаев што да правам. Никој не зборуваше за тоа и се чувствував како да тоа што не знаев и не ја планирав бременоста, не смеам да тагувам или да се чувствувам тажна. Сите се однесуваа како да сум избегнала куршум. Седум години подоцна, сè уште се плашам да пробам затоа што многу се плашам од спонтан абортус. Без разлика дали е планирано бебето или е изненадување, спонтаниот абортус е сепак смрт и сè уште боли. Не дозволувајте никој да ги дисквалификува вашите чувства“, порачува жената, која стравот од повторен абортус сѐ уште ја следи.

6. Само затоа што бев млада – или бременоста не беше планирана – не значи дека бев среќен за мојот спонтан абортус.
„Бев тинејџерка која абортирала. Сите други беа толку среќни. Бев уништена и во суштина си го уништив животот откако тоа се случи. Сега сум подобра, но сепак сум крајно депресивна на датумот на загубата и времето кога требаше да биде роденденот на моето бебе“, пишува во еден коментар.

7. Имав доцен спонтан абортус и никој не ми рече дека моето тело сè уште произведува млеко. Хормоните ќе ви кажат дека треба да се грижите за некого, а срцето и душата ќе ви пукнат.

8. Посакувам луѓето да не кажувааат работи како: „Не можам ни да замислам како треба да се чувствувате, мојот сопруг само ќе ме погледне и забременувам!“
„Исто така, кога им велам на луѓето дека разликата помеѓу моите момчиња е пет години, тие често кажуваат работи како: „О, сте направиле голема разлика меѓу нив“. Не планирав, но изгубив дете меѓу нив двајца и после тоа беше многу тешко повторно да забременам“, ја раскажала својата приказна една друга мајка.

9. Ме вознемирува кога луѓето велат: „Вие веќе имате едно дете, бидете благодарни“. Благодарна сум за ќерка ми, но го сакав и мојот малечок.

10. Би сакала да знаев дека мојот партнер ќе тагува на поинаков начин отколку јас.
„Тој воопшто не сакаше да зборува за тоа, сакаше да се справи со тоа повлекувајќи се во себе. Сакав да зборувам за тоа и за нашите чувства. Но, исто така, морав да се справам со гневот поради фактот што не тагуваме на ист начин и се чувствував како да сум единствената што го проживува губитокот. Не е вистина – партнерите исто така жалат поради загубата на бременоста. Можеби само тагуваат поинаку“, објаснила жената која сметала дека е сама во својата загуба.

11. Би сакала луѓето да знаат дека абортусите се случуваат многу често.
„Кога почнав да зборувам за мојот сопствен абортус, дознав дека имам многу пријателки кои ја поминале истата работа, но никогаш не разговарале за тоа. Исто така, би сакала секој да знае дека абортусите се спонтани и дека не се вина на мајката“.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]