Лошо влијание: Што да направите кога детето ќе „полуди“ за Јутјуб?

Јутјуб можеби изгледа како одлично решение кога ви треба момент без деца, но бидете внимателни затоа што оваа платформа во никој случај не е за нив. Подобро користете едукативни апликации наменети исклучиво за деца.

0
246

Секоја мајка знае колку е тешко понекогаш да најде момент за себе и да направи нешто во мир. Значи, во отсуство на време и подобри решенија, детето завршува со таблет во рацете и на Јутјуб. Автоматската репродукција на Peppe Pig е поставена, а слободата на мајката е загарантирана најмалку половина час.

Тоа е ситуација во која секоја мајка се наоѓа барем еднаш и не можеме да ја обвиниме за тоа. Додека неколку пати веројатно ќе поминат без последици, честото повторување на ваквите ситуации ќе го зголеми ризикот од опасностите што демнат на Интернет, но исто така ќе го забави развојот на детето.

Најмногу се заработува на децата

Децата се луди по Јутјуб и тоа е добро познат факт. Истражувањата покажаа дека дете под 8-годишна возраст поминува 65% од своето време на Интернет токму на Јутјуб и дека видеата за деца до 13 години се меѓу најпопуларните содржини на страницата.

Но, иако изгледа како безопасно место, испреплетено со звуците на Baby Shark, не треба да се заборави дека на платформата секој може да пренесе видео или да го коментира. Портпаролот на компанијата, Ајви Чои, нагласува дека ЈуТјуб воопшто не е наменет за деца помлади од 13 години.

И покрај ова, корисниците ставаат „детска“ содржина, а особено загрижува тоа што за сите десет најпопуларните детски канали, воопшто не се знае кој им е сопственик. Авторот на планетарно популарниот канал Cocomelon, кој го следат 75 милиони луѓе, и натаму не е познат, а според некои пресметки, годишно би можел да заработува неверојатни 135 милиони долари годишно.

На толку огромна платформа, тешко е да се постави контрола врз содржината што е објавена, така што во 2017. година Јутјуб се нашол во проблеми, бидејќи јавноста сфатила дека „детските“ видеа со луѓе облечени во костуми на Спајдермен, всушност содржат вулгарна и насилна содржина. Исто така, важно е да се напомене дека огласувачите повеќе профитираат ако нивната видео-реклама се гледа без прескокнување, што се случува почесто ако зад екранот е дете затоа што тие не ја препознаваат саканата содржина од огласите. Огласувачите се свесни за тоа, па се обидуваат да креираат што е можно позабавни огласи.

Што наместо Јутјуб?

Дури по 18 месечна возраст мозокот почнува да ги препознава симболите од екраните, што значи дека детето до тогаш воопшто не ја „гледало“ содржината што му е ставена пред лицето. Гледањето во екранот пред возраст од 18 месеци има негативен ефект врз развојот на говорот, читањето и краткорочната меморија, а исто така може да предизвика и нарушувања на вниманието и на спиењето.

На пример, вклучен телевизор во позадината на просторијата во која детето си игра ќе го забави развојот на вештините за говорење, а истражувањето покажале дека родителите во просек пред детето користат околу 940 зборови, а доколку телевизорот е во позадина, таа бројка паѓа на околу 770.

Дури околу втората година, децата можат да учат со помош на едукативни и интерактивни дигитални содржини. Добро дизајнирани апликации ќе им помогнат на децата во решавање на проблемите и во учење на социјалните вештини, но и конкретни знаења од, на пример, математика.

Добар пример за користење на технологија за едукативни цели, но и комбинирање на пријатното со корисното, се апликациите на кои се раскажуваат најубавите детски приказни од целиот свет.

Затоа, следниот пат кога ќе се ајдете во ситуација да ви треба пауза и одмор од детето, подобро е да му дадете да си игра со едукативни апликации кои ќе бидат корисни за неговиот развој.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]