Лошата состојба на мајчиниот микробиом е еден од клучните фактори на ризик за аутизам

Новата студија укажува на тоа дека пореметувањето на составот на мајчиниот микробиом – колекција на микроскопски организми кои ги населуваат нејзините црева, може да биде клучна причина за аутизмот и за други невролошки развојни пореметувања кај нејзиното потомство.

0
635

Микробиомот го сочинуваат микроорганизми, како бактерии, кои природно живеат во нашиот систем за варење и чие значење за нашето здравје науката се повеќе го открива.

Така, последната студија која ја спровеле научниците од Училиштето за медицина при Универзитетот Вирџинија, покажала дека мајчиниот микробиом во текот на бременоста има најголемо влијание на ризикот од развојот на аутизмот, што може да значи дека измените во диетата на идните мајки би можеле да придонесат за превенција на појавата на пореметувањата од аутистичниот спектар.

Освен што ја утврдиле врската помеѓу микробиомот на мајките и аутизмот, научниците успеале да ги искористат своите сознанија за да го спречат развојот на пореметувања од аутистичниот спектар кај лабораториските глувци, блокирајќи одреден инфламаторен молекул, интерлеукин -17a, кој го произведува нивниот систем за имунитет.

Она што е охрабрувачко во ова сознание е фактот дека на составот на микробиомот може да се влијае.

„Утврдивме дека микробиомот е клучен фактор во предвидувањето на ризикот од пореметувања од аутистичниот спектар, и дека со влијание на микробиомот на идните мајки или на самиот интелеукин-17a би можело да се влијае и на развој на аутизмот“, вели Џорџ Лукенс од Катедрата за неуронауки при Универзитетот Вирџинија. Овој молекул IL-17a би можел да се користи и како биомаркер за рано дијагностицирање на пореметувањата, додал тој.

Отрктитието на Лукенс и на неговите колеги ја осветлува сложената врска помеѓу мајчината цревна флора и здравиот развој на нејзините деца. „Микробиомот може да го обликува мозокот во развој на бројни начини и има големо влијание на подесувањето на системот за имунитет кај децата и начинит на кој тие ќе реагираат на инфекции, повреди или стрес“, објаснува тој.

Она што е охрабрувачко во ова сознание е фактот дека на составот на микробиомот може да се влијае или преку начинот на исхрана, или преку земање на суплементи, или со фекална трансплантација и така да се воспостави здрава рамнотежа во составот на микроорганизмите кои живеат во мајчините црева.

Следна задача за научниците е да утврдат кои точно елементи од микробиомот се оние кои создаваат ризик за аутизам, и како најефикасно може да се влијае врз нив.

Што се однесува на директното целење на IL-17a и на негово блокирање, Лукенс вели дека овој метод носи повеќе ризици.

„Бременоста е состојба во која мајчиното тело мора да прифати туѓо тело, односно, бебе, па во оваа комплексна задача за системот за имунитет не би требало премногу да се мешаме“, објаснува тој. Иако овој инфламаторен молекул до сега е поврзан со заболувања како што е ревматоиден артритис, мултиплекс склероза и псоријаза и веќе постојат лекови за негово блокирање, тој исто така има важна улога во борбата против инфекциите, особено оние габичните.

Ова е само последно во низата нови истражувања кои го откриваат огромното значење на цревната флора на здравјето на луѓето, пишува Сајенс дејли.

[better-ads type='banner' banner='999' ]