Локва родители: Зошто на светот му треба повеќе ваков вид на воспитување

'Локва родителите' не си ја кршат глава за тоа на кој факултет ќе се запишат нивните деца. Тие се грижат дали нивното дете ќе избере кариера што навистина ќе го исполни, без разлика дали станува збор за sидање или за академско истражување

0
481

The Guardian неодамна објави забавен стрип за типовите на родители. „Хеликоптер родителите“ постојано се обидуваат да ги предупредат своите деца за сите „потенцијални разочарувања“ и како да ги избегнат. „Рало родителите“ ги отстрануваат сите пречки за децата никогаш да не ги доживеат. И двата типа на  родители се обезбедуваат нивните деца никогаш нда не доживеат неуспех, иако знаеме дека тоа е важен дел од нивното растење.

Од друга страна, „локва (баричка) родителите“, како што ги нарекуваат, им дозволуваат на своите деца да отстапат од вообичаениот, пропишан пат и да формираат свој пат.

На светот му требаат повеќе „баричка родители“.

Премногу родители го одредуваат животот на нивните деца. Од туркање во часови за напредни и талентирани до бесконечна листа на воннаставни активности. Хеликоптер родителите и рало родителите се обидуваат да ги туркаат своите деца пред другите, дури и на штета на другите. Тие веруваат во свет на хиперконкуренција кадешто нивните деца треба да дојдат на врвот, кадешто нивните деца треба да одат на факултет, кадешто нивните деца треба да успеат, а нивната дефиниција за успех е тесна.

Локва родителите им дозволуваат на децата да изберат по кој пат ќе тргнат. Тие ги охрабруваат своите деца да отстапат од патот што им е обично пропишан, да поттикнат креативност и размислување надвор од рамките и да ја ценат љубезноста и автентичноста повеќе од академските титули и успехот во светот.

‘Локва родителите’ не си ја кршат глава за тоа на кој факултет ќе се запишат нивните деца. Тие се грижат дали нивното дете ќе избере кариера што навистина ќе го исполни, без разлика дали станува збор за sидање или за академско истражување.

Тие не ги принудуваат децата да одат на воннаставни активности освен ако самите деца не го сакаат тоа. Ако го сторат тоа, тогаш им даваат на децата серија избори засновани врз она што се чини дека го сакаат. – не она што е популарно или што мислат дека ќе ги доведе до стипендија. Тие им даваат на своите деца многу слободно време. Тие повеќе се грижат за тоа дали нивните деца се добри кон некое ново дете, отколку за тоа каква оценка ќе имаат по математика.

Сакаме децата да научат како да паѓаат и затоа ги оставаме да паѓаат, да ги заборават јакните, да заборават некоја важна работа и да се соочат со природните последици од тие работи.

Децата треба да научат „мали“ вештини како што се љубезност, почит, емпатија … а токму овие „мали“ вештини се најтешки за учење. Ни треба повеќе од тоа во светот. Децата мора да научат да истраат. Тие мораат да научат да бидат љубезни. Тие мора да научат да се соочуваат и да се справуваат со неуспехот. Тие треба да ги гледаат другите луѓе како сојузници, а не како конкуренција. Локва родителството го олеснува тоа. И не постои еден начин да се постигне ова, бидејќи овој вид на родителство е целосно зависен од одделно семејство и дете.

На крајот на краиштата, животот е полн со барички!

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]