За децата е тешко да ја разберат глобалната пандемија на коронавирус, а социјалната дистанца може тоа дополнително да им ја отежни.
Додека психолозите им нудат на родителите совети како да им објаснат на децата што е коронавирус, некој се досетил на играта што може да им ги направи овие денови позабавни.
„Ловот на мечки“ го популаризираа жителите на Рејкјавик за да ги развеселат децата на Исланд, а сега стана глобален хит.
Играта е инспирирана од детската книга „Одиме во лов на мечки“ („We’re Going on a Bear Hunt“) од британскиот писател Мајкл Розен.
Идејата е едноставна – оставете кадифени мечиња на прозорците, за да можат децата во текот на прошетките или од своите прозорци да ги видат и да им ги свртат мислите.
Некои, покрај мечињата додаваат и детски цртежи, како и други кадифен играчки за да ја „замаскираат трагата“.
Освен што сужат за забава, мечињата некогаш имаат и едукативна цел – некои се поставени на безбедна оддалеченост едни од други за да им го приближат на децата поимот на социјална дистанца, некои носат маски.
Вклучете се и вие!
Фото: Твитер