Лесно, здраво, брзо: Пет здрави и хранливи грицки

Познато е дека намирниците кои ги внесуваме го одразуваат нашето здравје. Затоа е исклучително важно од исхраната на децата да ги замените „празните калории“ со нутритивно поважни и похранливи намирници и воедно да им создадете здрави животни навики.

0
602

Многу грицки, но и газирани пијалоци кои децата ги сакаат, изобилуваат со масти, шеќери и сол поради што се непожелни во детската исхрана. Таквите намирници е подобро да ги замените со здрава ужина и наместо чипс понудете му на детето јогурт со суво овошје, а газираниот сок заменете го со цеден портокал.

Најдовме здрави грицки кои лесно ќе ги подготвите и кои ќе бидат идеален детски меѓуоброк или појадок.

Милкшејк или фрапе

Здрав и освежителен напиток е одличен начин да му уфрлите на детето два или три овошно-зеленчукови оброци кои нема ни да ги забележи.

Децата се луди по вкусно шарено смуди. Како база можете да користите јогурт или млеко. Во блендер додадете свежо или замрзнато овошје, банани, јагоди, спанаќ, брокула или блитва. Можете да додадете и овесни снегулки или чиа семки што ги прави идеален и хранлив меѓуоброк или појадок.

Пуканки

На врвот од листата „добри“ грицки се секако пуканките. Студијата објавена во списанието Nutrition Journal 2012.година покажале дека 6 шолји пуканки во вредност од 100 калории повеќе заситуваат од една шолја купечки солен чипс од 150 калории.

Притоа треба да внимавате, затоа што купечките пуканки кои се прават во микробранова печка не се здрави.

Стапчиња од моркови, краставици, целер

Овој здрав меѓуоброк не бара посебно приготвување, печење, ниту варење. Намирниците е потребно само добро да се измијат, да се исчеат на тенки стапчиња и да се послужат. Дополнително можете да му понудите сос од сирење и павлака или намаз од кикирики.

Кашкавал

Протеините од сирењето можат на децата да му обезбедат доволно енергија сѐ до вечерата. Кашкавалот може да се исече со калапчиња за кекси или да направите ражниќ со омиленото овошје, на пример, со грозје, а нив тоа ќе им биде и забавно.

Палачинки без брашно и шеќер

За овој рецепт не се потребни ниту брашно, ниту шеќер. Сѐ што треба е една банана, две јајца и една рака овесни снегулки. Измешајте ги сите состојки во блендер и печете ги во тавче за палачинки. Прелијте ги со мед, свежа урда или овошје. Бананите ќе им дадат блажина, а палачинките ќе бидат кремави и вкусни.

Во недостаток од време, на децата можете да им понудите суво овошје или јаткасти плодови.

Тоа се нутритивно вредни намирници за кои не треба приготување. Јаткастите плодови поради својот процент на маснотии, предизвикуваат подолго чувство на ситост. Со една рака бадеми или ф’стаци, како и малку суви кајсии, смокви, сливи или урми, детето нема да има потреба да посега по помалку здрави и мрсни варијанти на грицки.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]