Лековити гумени бонбони?!

Да, да, и тоа е можно. Секако, станува збор за гумени бонбони од сопствено призводств кои се прават од сируп од бозел и се одлични против настинка и грип

0
330

Лековитите гумени бонбони се прават од сируп од бозел и со нив извонредно се елиминираат здравствените тегоби како настинка и грип.

Состојки:

Шолја сируп од бозел

Пола шолја врела вода

Пола шолја желатин во прав

Лажица масло од кокос

силиконски калапчиња

Приготвување:

Силиконските калапи намрсете ги со кокосово масло, а четвртина од шолјата сируп соединете со желатинот, оставете да се натопи и добро измешајте. Потоа додадете пола шолја вода и преостанатиот сируп и повторнo соединете.

Ставете ја смесата во калапите и разладете и оставете да се стврдне.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]