Ледени коцки против утрински мачнини

Повеќе од 50 отсто од трудниците имаат утрински мачнини со кои не им е лесно да се изборат. Но еве еден одличен лек кој ќе ви помогне да се ослободите од непријатните мачнини.

0
228

Освен за мачнините кои се јавуваат кај трудниците, овие коцки помагаат и кај мачнините предизвикани од патувањата. Рецептот го најдовме на блогот Everydayroots.

Потребни состојки:

Напиток со електролити по избор

Сад за мраз

Стапчиња од сладолед

Мелено „месо“ од портокал

Приготвување:

Помешајте го напитокот со електролити, со „месото“ од портокал па сé ставете во садот за мраз и потоа во замрзнувач.

Пред да се замрзнат сосема во секоја коцка ставете по едно стапче од сладолед и вратете ги во замрзнувачот.

Кога ќе почувствувате мачнина едноставно извадете една коцка и полека лижете ја. Мачнината ќе помине многу брзо.

[better-ads type='banner' banner='999' ]