Која навика на вашите деца не смеете никако да ја игнорирате?

Лошите навики како што е чепкањето на носот, пиење од водата во која се бањаат, грицкање на ноктите, и некои други, се навики кои лесно можете да ги искорените, но со некои е многу потешко да се излезе на крај

0
435

Ако забележите дека вашето дете во градинка или во училиште прифаќа некои лоши навики од другите деца, не мора да се грижите баш околу сите. Лошите навики како  како што се чепкањето на носот, пиење од водата во која се бањаат, грицкање на ноктите, и некои други, се навики кои лесно можете да ги искорените.

Меѓутоа, она што како родители никако не смеете да го игнорирате е она кога вашето дете ги удира другите деца и ги нарекува со навредливи имиња. Исто така, секое однесување кое е емоционално и физички штетно за друго дете, не смее да биде дозволено.

„Ако забележите дека малтретирањето, без оглед дали е физичко или вербално, од страна на вашето дете кон друго дете, се продолжува или дури и се влошува, најпрвин консултирајте се со учителките за да видите како тие можат да ви помогнат во решавањето на проблемите. Кажете им какво однесување сте забележале кај своето дете и изработете план за решавање на ситуацијата такашто сите деца ќе бидат среќни со решението“, советува Дона Тјуда, директорка на Институтот на Dianа Lindner-Goldberg Child Care на Универзитетот Хофстра во Хемпстед.

Кога веќе ќе забележите вакво однесување кај детето, мора да прифатите дека тоа што го прави вашето дете не е добро и не смеете да барате оправдување за него, туку морате да се соочите со проблемот и да бидете цврсти како и да му поставите на детето сериозни граници.

Освен тоа, мора да го научите детето дека насилството е недозволиво и дека не смее да влегува во судири. Детето мора да биде свесно за причините и последиците на негативното однесување.

Ако детето и после сите разговори продолжи со своето насилно однесување, обратете се за совет и кај стручно лице, на пример, кај детски психолог.

[better-ads type='banner' banner='999' ]