Која е тајната на јапонското воспитување поради кое децата се секогаш мирни и дисциплинирани?

„Една од големите заблуди што ги имав откако се преселив во Јапонија е дека нивните деца се совршено самодисциплинирани уште од раѓање“, вели новинарката Кејт Луис која со години живее во Јапонија.

0
355

Јапонците важат за еден од најдисциплинираните народи во светот, а оние кои ги познаваат нивните обичаи и култура тврдат дека нивните деца уште од мали се учат на ред и пристојно однесување.

Кој е тајниот рецепт за успех на овој источен народ кога станува збор за воспитување деца?

Во текстот за „Savvy Tokyo“, новинарката Кејт Луис, која со години живее во Јапонија, ја објаснува уметноста на Јапонците во воспитувањето деца, што ја научила во соживот со нив.

„Една од големите заблуди што ги имав откако се преселив во Јапонија беше дека нивните деца се совршено самодисциплинирани уште од раѓање. Замислував мали роботи кои со почит ги слушаат своите родители, тивко ги следат сите правила со вродена покорност и прецизност“, наведува авторката на текстот.

Таа објаснува дека секогаш ѝ се чинело така кога патувала со воз во кој две или тригодишни деца седат во тишина и си играат со кадифена играчка, додека нејзиниот двегодишен син незапирливо скока низ купето.

Додека тивко го карав, јапонските мајки како да зрачеа со мирна ведрина на „добри мајки на воспитани деца“. Мојот син не се однесуваше толку лошо. „Имаше само очигледна културолошка разлика во тоа што се очекуваше од неговото однесување и како се научени неговите јапонски врсници“, пишува Кејт.

Потоа се прашувала што прават Јапонците и како ги воспитуваат своите деца кога се толку послушни и смирени.

И малите Јапонци имаат напади на бес

„Ние, кои бевме странци во Јапонија, започнавме со играта – да најдеме непослушно јапонско дете кога ќе ги однесевме децата во парк. Ако случајно видевме мали јапончиња како се разбеснуваат на јавно место, здивнував, затоа што сфаќав дека нашите деца не се единствените кои понекогаш имаат лош ден.

Исто така, тоа им се случува и на малите Јапонци. Сепак, јапонските родители изгледаше дека воопшто не интервенираа за време на ваквите епизоди. Детето ќе седеше на земја, плачеше и врескаше на игралиштето или во паркот, а родителите изгледаа потполно опуштено и безгрижно“, ги пренесува своите впечатоци Кејт.

Таа ја опишува ситуацијата кога нејзиниот син одбил да оди дома со воз, и колку се чувствувала непријатно поради неговата хистерија и колку им се извинувала на луѓето во купето, а ниту еден нејзин дисциплински метод не можел да го смири детето.

„Сепак, по неколку дена, се најдов во ситуација да видам мало јапонче во воз кое беше хистерично. Се случи. Но, неговиот татко веднаш го зеде во раце и го изнесе од возот. Следната сцена што ја видов беше како тој клечи покрај столбот пред детето и му објаснува нешто. Тоа беше откритие“, се сеќава авторката на текстот и додава дека тоа го видела и порано, но не обрнала внимание.

Таа посочува дека тајната на Јапонците за успешниот начин на воспитување на децата е во тоа што тие веднаш се фокусирале на запирање на лошото однесување и на разговор насамо за тоа што се случува.

Покрај почитувањето на интегритетот на детето, дисциплинирањето во четири очи не ги става родителите во непријатна ситуација. На јапонски јазик, дисциплината е „шитсуке“ – што се однесува воедно и на тренирање и на воспитување.

Казнете го однесувањето, а не детето

Детските психолози ширум светот се чини дека се согласуваат дека секогаш е најдобро да се казни однесувањето, а не детето.

„Фокусот на Јапонците е насочен кон дисциплината како тренинг. Тие ги учат децата на добро однесување со постојано моделирање на соодветниот начин на воспитување и разговор во четири очи кога отстапуваат од тој пат.

„Децата од градинките следат строг распоред, повторувајќи ги истите песни, игри и пристојно однесување, како што е уредно редење на чевлите и мирно седење додека тоа не стане рутина“, објаснува Кејт.

На крајот, заклучила таа, родителите се држат до она што најдобро функционира во воспитувањето, но нивниот принцип е секогаш да разговараат со децата и да го казнуваат нивното однесување во моментот кога децата го направиле престапот, без никакво одлагање.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]