Контрацепција за мажи (ВИДЕО)

Станува збор за контрацептивен гел кој го намалува бројот на сперматозоиди

0
136

Досега на мажите им беа достапни само кондомите или постапката на вазектомија, но на повидок е контрацепција за мажи во форма на гел кој се мачка на горниот дел од раката и рамото секој ден, за да влезе во крвотокот и би можел да претставува вистински пресврт во користењето на контрацепција за мажи.

Овој контрацептивен гел дејствува такашто го намалува бројот на сперматозоиди, а клиничките тестирања ќе почнат од април годинава и би можеле да потраат четири години затоа што станува збор за најголема студија која ќе тестира контрацепција за мажи.

Претходно, во 2012 година, после тетсирањето е отгрлена идејата за контрацептивна инјекција з амажи затоа што било утврдено дека предизвикува депресија и суицидални мисли.

Гелот функционира со помош на два синтетички хормони, тестостерон и облик на профестин.

Прогестинот ги блокира тестисите да произведуваат доволно тестостерони за да се произведе вообичаениот број сперматозоиди, додека синтетичкиот тестостерон неутрализира било каков хормонски дисбаланс кој би можел да се јави поради прогестинот.

Досега овој метод на контрацепција се покажал како ефикасен во иницијалната шестмесечна студија и го намалил бројот на сперматозоиди кај 89 отсто мажи на помалку од еден сперматозоид по милиметар на примерок, што значи „многу мали шанси за зачнување“.

Исто така, кај 78 отсто мажи е забележано „целосно отсуство на сперматозоиди“.

Scientists Test New ‘Birth Control’ Gel for Men

This ‘birth control’ for men is a gel you rub on your arms and shoulders (via NowThis Future)

Posted by NowThis on петок, 9 Февруари 2018

[better-ads type='banner' banner='999' ]