Родителите на мали деца обично добиваат различни совети, кои главно, не ги побарале. Но, една мајка го привлече вниманието откако ја сподели практичната мудрост што ја научила од својата мајка, а која се покажала корисна секогаш кога детето е вознемирено.
Џенифер Батчелор првично ја споделила својата приказна на Инстаграм, а потоа таа почнала да се шири и на другите социјални мрежи.
„Ставете го бебето во вода или однесете го надвор. Тоа беше првиот корисен родителски совет што сум го добила”, ја почнува таа својата објава.
„Не се сеќавам колку години имаше мојот син кога ѝ се јавив на мајка ми во солзи. Веројатно неколку недели. ‘Ништо не успева, не знам што да правам. Тој не е гладен, поспан или влажен’, ѝ реков на мајка ми. Таа ми предложи: ‘Обидете се да го искапете. Или облечете го и извадете го на чист воздух. Обично тоа помага’, ми одговори мајка ми“, објаснува Батчелор.
Советот се покажал како успешен и оваа мајка почнала да го практикува тој совет секогаш кога нејзиното дете не можело да се смири.
„Понекогаш испробаните и проверени методи пренесени од мајка на мајка можат да бидат поефикасни во смирување на вознемирено новороденче отколку сите помагала за заспивање, лулашки и слично“, вели таа.
Батчелор напоменува дека советот важи и за поголемите деца.
Фото: Инстаграм