Истражувањето кое го спровел порталот Mumsnet го открило одговорот на ова прашање.
Половина од испитаните кои признале дека имаат омилено дете, откриле дека станува збор за најмладиот член на семејството.
Речиси 40 отсто од мајките и татковците го фаворизираат најмладото дете затоа што се препознале себеси во него.
Но дедовците и бабите велат сосема поинаку. Ним им е најдраго најстарото внуче. Дури 33 отсто од нив првороденото внуче ги потсетува на нивните сопствени деца.
Повеќе од половината родители, баби и дедовци признале дека покрај омиленото дете повеќе се смеат.
Наспроти фактот што одбрале и признале дека имаат дете кое им е подраго, 60 отсто од испитаните кажале дека се чувствувале ужасно поради изборот.
„Фаворизирањето на едно дете е табу тема која може да доведе до чувство на вина па е важно да се признае дека поголемата приврзаност кон едното дете е нормална и не мора да предизвикува стрес. Друга приказна е кога родителите едно дете долгорочно го третираат поинаку пред браќата и сестрите“, рекла оснивачката на порталот Mumsnet, Џастин Робертс.
„Родителите можат да ги сакаат своите деца на поинакви начини, пресудно е да ги сакаат во целост“, заклучила Робертс.