Компанија направи кукла инспирирана од девојче со Даунов синдром

Играњето со различни играчки помага да се развие емпатија кај децата. За мене, најважно е да помогнеме во намалувањето на насилството и да ги нормализираме разликите, рекол таткото на шестгодишната Роузи Барнет која била инспирација за куклата Роузи Бу.

0
160

Годинешниот Светски ден на лицата со Даунов синдром (21 март), бил уште поспецијален за шестгодишната Роузи Барнет која била инспирација за куклата Роузи Бу, дизајнирана по ова девојче.

„Воодушевени сме што помогнавме да се подигне свеста за Дауновиот синдром и да ги едуцираме децата за разликите што ги носи, или што ги прави таквите деца посебни“, рекол таткото на девојчето Џејсон Книн.

Куклата има различни чорапи, то претставува симбол во чест на луѓето со Даунов синдром.

„Играњето со различни играчки помага да се развие емпатија кај децата. За мене, најважно е да помогнеме во намалувањето на насилството и да ги нормализираме разликите”, додал Џејсон.

Куклата е дизајнирана од ирската компанија Lottie Dolls. Нејзината цена е 22,99 фунти, а една фунта од секоја продадена кукла ќе биде донирана во здружението And Over Twenty („И над дваесет“), чија членка е малата Роузи.

Фото: Твитер

[better-ads type='banner' banner='999' ]