Колку сте сигурни дека вашето дете не е „насилник“ во школо?

Истражувањето од 2012.година утврдило дека децата бараат помош во помалку од 40 отсто случаи на насилство.

0
421

Една од најтешките работи со кои родителот може да се соочи е таа дека е неговото дете малтретирано во училиште. Насилството стана како епидемија и е особено застапено во основните и средните училишта, а порастот на користење на социјалните мрежи само придонесува за растечкиот проблем кој може да ги доведе родителите во состојба на беспомошност и страв за безбедноста на детето.

Исто така, као родител, понекогаш мора да се соочите со можноста дека е токму вашето дете насилник.

Знаци по кои можете да препознаете дали е вашето дете малтретирано

Ако сте забележале необични промени во однесувањето на детето, емоционалната состојба, навиките или изгледот, тоа можат да бидат знаци дека е вашето дете малтретирано.

Знаците на предупредување можат да вклучуваат и тоа дека не сака да оди во училиште или глуми дека е болно.

Промените во прехранбените навики (прескокнување или избегнување на оброците) можат да бидат знаци дека е вашето дете малтретирано.

Ако нагло престане да се дружи со пријателите и да избегнува друштвени ситуации, ако има проблеми со спиењето, необјасниви повреди или ненадеен губиток на личните работи како книги или накит, како и послаби оценки, можат да укажуваат на проблeмот на малтретирање.

Знаци по кои може да препознаете дали е вашето дете насилник

Ниту еден родител не сака да се соочи со можниот факт дека токму неговото дете е насилник.

Затоа е многу важно да се препознаат знаците кои можат да го покажат тоа. Често одење кај управникот, редовно вмешување во вербални и физички кавги или поседување на работи кои не му припаѓаат. Ако се необично преокупирани со својот углед или со изгледот на својата „конкуренција“, тоа би можеле да бидат знаци дека е вашето дете насилник.

Tаквите деца често не се подготвени да ја преземат одговорноста за своите постапки и ги обвинуваат другите за своите неуспеси и  тоа преку агресија.

Зошто децата не се обратат за помош?

Истражувањето од 2012.година утврдило дека децата бараат помош во помалку од 40 отсто случаи на насилство.

Можна причина е тоа што на децата им е непријатно затоа што се малтретирани и се сметаат за слаби. Во многу случаи децата се чувствуваат беспомошно и веруваат дека ќе можат сами да го решат проблемот. Исто така, можат да се чувствуваат изолирани и да мислат дека никој не сака да им помогне.

Како да знаете кога треба да реагирате?

Ако сте препознале некои од овие знаци на малтретирање првата работа што треба да ја направите е да комуницирате со своето дете и да се запознаете со она што се случува во училиштето. Разговарајте со него за начинот на кој ги малтретираат и прашајте го како можете да им помогнете, а потоа разговарајте со детето на кој начин треба да реагира на различни сценарија на малтретирање.

Насилниците обично се обидуваат од својата жртва да извлечат реакција, такашто подучете го своето дете ладно и смирено да одговара на провокациите и тоа би можело да го одврати насилникот од вашето дете.

Фото: Pixabey

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]