Колку сон им треба на децата?

Еве колку сон им треба на децата во зависност од животната возраст и како да ги привикнете децата на рутина.

0
714

Како што се наближува крајот од летото, потребно е децата одново да се привикнат на рутината за спиење. Имено, многу од нив во текот на летните месеци биле будни подолго затоа што и деновите траеја подолго, а за некои нема ни обврски како што се одењето во училиште или во градинка.

Стручњаците советуваат враќањето во рутината да биде постепено. Велат дека децата треба постепено да почнат да си легнуваат порано, секој ден 10 до 15 минути порано во однос на сегашниот ритам и за две недели би требало повторно вообичаено да функционираат.

Според истражувањето кое го спровела Националната Фондација за спиење, на децата кои одат во училиште им требаат 9 до 11 часа ноќен сон. The America Academy of Sleep Medicine вели дека на децата на возраст помеѓу 6 и 12 години им требаат 9 до 12 часа сон. Децата од три до пет години би требало да спијат 10 до 13 часа, што го вклучува и попладневниот одмор.

„Помеѓу помалите деца кои имаат помеѓу 3 и 5 години, недостатокот од сон се поврзува со послабото помнење и потешкотии во развојот на говорот, како и со полош квалитет на животот“, вели Венди Хол од Универзитетот Колумбија.

„Кај децата стари помеѓу 5 и 12 години кои спијат помалку од 9 часа дневно значајно е зголемена веројатноста за дебелеење“, додава Хол.

Стручњаците додаваат и дека децата на кои часовите им почнуваат во 8 часот, би требало да бидат во кревет помеѓу 20 и 21 часот.

„Рутината на спиење е важна во секој период од животот на детето. Читањето приказни, пеењето или мињето на забите би требало да ги заспие, односно, да го предупреди телото дека дошло време за одмор. Помага и ако од собите ги отстраните електронските уреди“, им советува Хол на родителите чии деца не сакаат во кревет на време.

[better-ads type='banner' banner='999' ]