Колку слоеви треба да се засечат за да се стаса до бебето со царски рез? (ВИДЕО)

Иако многумина не го сметаат царскиот рез како сериозна медицинска процедура, тоа е операција која носи многу ризици.

0
980

Мајките кои доживеале вагинално породување и царски рез, ќе се согласат дека закрепнувањето е многу побрзо и поедноставно после природното породување.

Иако многумина не го сметаат царскиот рез како сериозна медицинска процедура, тоа е операција која носи многу ризици. За да се илустрира колку е сложена операцијата, мајката блогерка Џеси Франкс минатата година направила интересно видео, а последниве денови тоа (повторно) стана вирално. Незапирливо се шири на социјалните мрежи, и тоа со многу добра причина.

Видеото на креативен и разбирлив начин прикажува што точно се случува за време на царскиот рез и колку слоеви треба да засечат лекарите за да дојдат до новороденчето, наведува Motherly.

Иако мајките не треба да чувствуваат болка во текот на оваа постапка, процесот на закрепнување е долготраен, а честопати и многу болен.

„Луѓето рекле дека се благодарни што постои ова видео, дека вистинските хируршки видеа се премногу грозни за гледање. Една мајка рекла дека тоа било првпат таа да се насмевне замислувајќи го раѓањето на своето бебе”, раскажала Џеси која ваквите реакции особено ја трогнале.

Anatomy of a cesarean felt project come to life. ❤️❤️❤️. (yes, it took forever to make)Idea credit goes to https://www.naturalabundance.me/cut-now-anatomy-c-section/

Vbac or bust 发布于 2019年2月27日周三

Фото: Screenshot

[better-ads type='banner' banner='999' ]