Тоа е резултат на научниците од Универзитетот во Јорк, кои тврдат дека децата на родителите кои повеќе разговараат со своите деца и им доделуваат разни задачи за извршување, тренирање на нивните невербални способности, како и нивните способности на расудување, решавање на проблемите и развој на просторното размислување, стануваат поинтелигентни зрели луѓе, обдарени со богат вокабулар и фантазија.
Според истражувачите, претшколските деца кои активно комуницираат со родителите и старателите имаат подобар почеток во животот, особено ако во својот секојдневен живот користат богат и разновиден вокабулар.
Членовите на семејството се први учители на децата.
Откритијата на научниците се следните:
Количината на зборови што ги зборуваат постарите луѓе во околината на детето се однесува позитивно на неговите когнитивни способности.
Истражувачите откриле дека висококвалитетниот говор на возрасните е корисен за развој на јазикот на децата. Децата кои комуницираат со возрасните користејќи богат и разновиден речник, го збогатуваат речникот и вешто го користат во секојдневниот живот.
Кога родителите реагираат позитивно на интересите на детето и го поттикнуваат самоизразувањето во истражувањето, поттикнуваат логичко размислување … детето обично покажува помалку знаци на вознемиреност, агресија и / или непослушно однесување.
Количината на изговорените зборови е различна за различни семејства и заедници. Некои деца слушаат двојно повеќе зборови од возрасните околу нив од другите врсници. Затоа, истражувачите потенцираат дека акумулацијата на вештини во најраниот период од животот кај различни деца е варијабилна и динамична, а не апсолутна константа, па оттука и разликите во развојот на децата.
Фото: Pixabey