Да се знае дека биолошкиот часовник само што не ни отчукал може да биде навистина застрашувачко. И, точно е дека бројот на јајце клетки се намалуваат со возраста, а бременоста на возраст над 35 години доаѓа со некои дополнителни ризици од компликации како што се хипертензија или дијабетес или хромозомски абнормалности. Затоа е секогаш добра идеја да се консултирате со лекар за плановите да „изградите“ семејство за да бидете сигурни дека одлучувате за вистински избор за својот живот и своето здравје.
Но, добра вест е дека сè повеќе истражувања откриваат изненадувачки предности на постарите мајки – и за мајката и за бебето.
1. Може да ја зголеми моќта на вашиот мозок
Студиите покажуваат дека имањето деца подоцна во животот може да ве направи ментално поостри со возраста. Студијата објавена во списанието American Geriatrics Society анкетирани се 830 жени во средни години за да се утврди дали постои поврзаност помеѓу имањето дете во подоцнежна возраст и моќта на мозокот. Откриле дека жените што го родиле своето последно дете по 35-годишна возраст имаат поостри спознанија и вербална меморија. Откриле и дека жените што го родиле своето прво дете по 24-годишна возраст биле подобри во решавањето на проблемите отколку нивните врсници кои имале деца пред 24-годишна возраст.
2. Вашето дете може да има намален ризик од повреди
Секако, ќе го заштитите вашето дете најдобро што можете, без оглед на неговата возраст. Сепак, неколку студии упатуваат на фактот дека ризикот на детето од ненамерна повреда што бара медицинска помош се намалува со зголемувањето на возраста на мајките. Една студија објавена во British Medical Journalu во 2012 година, открила дека на возраст од три години, ризикот од случајна повреда е намален за 36,6 проценти за мајки на возраст од 20 години, на 28,6% за мајки на возраст од 40 години.
Друга неодамнешна студија од Јапонија, која ги анализира ризиците од ненамерни повреди и приеми во болница на возраст меѓу 18 и 66 месеци според возраста на мајката, дошла до истиот заклучок.
3. Можеби сте поемотивно поподготвени
Има несомнено чувство на зрелост што доаѓа заедно со возраста. (Само помислете колку сте промениле од тинејџерските години!) Истражувањата покажуваат дека зрелоста игра улога во подобро родителство. Во студијата од март 2017 година објавена во списанието European Journal of Development, холандските истражувачи го проучувале психосоцијалниот развој на две групи деца на возраст од 7, 11 и 15 години. Во една група биле мајки кои раѓале по 31 година, а во друга група помлади од 31 година. Анализирајќи го нивниот психосоцијален развој, биле изненадени што постарите мајки помалку пцуеле или физички ги дисциплинирале своите деца. „Севкупно, децата на постарите мајки се однесувале подобро, биле добро социјализирани и биле емоционално здрави во своите пред-тинејџерски години“, вели д-р Патриша Салбер.
4. Вашето дете веројатно ќе биде подобро образовано
Колку подолго чекате за дете, толку е поголема веројатноста детето да порасне разбирајќи понапредно ниво на технологија. „Децата на постарите родители имаат корист од образовниот, технолошкиот и социјалниот напредок остварен во годините на касно раѓање на деца“, вели др.Камелах Филипс од Њујорк. „Една шведска студија открила дека кога ќе се земат предвид овие напредоци, децата од постарите родители имаат тенденција да бидат поздрави и пообразовани“.
5. Можеби ќе бидете финансиски постабилни
Безброј студии ја поддржуваат теоријата дека здравствените резултати се често поврзани за тоа колку пари има во банката. Ако имате можност да го завршите колеџот и да инвестирате време во развој на професионалната кариера, има смисла само затоа што поверојатно е да заработите повисока плата од мајката која имала дете пред да започне со кариера. „Студиите покажуваат дека децата на постарите мајки остануваат подолго време во образовниот систем, работат подобро на стандардизирани тестови и поверојатно е дека ќе одат на колеџ отколку нивните врсници отколку оние на помладите мајки“, вели Салбер. „Ефектот на подобрени исходи поврзани со социоекономскиот статус веројатно ќе влијае на здравствените резултати на потомството во текот на нивниот живот.
6. Можете да живеете уште подолго
„Некои луѓе мислат дека кога ќе родите бебе во подоцнежни години нема да имате доволно енергија да ги следите или полошо, нема да им бидете на располагање за нивните важни животни настани како нивната свадба или раѓањето на нивните деца”. вели Салбер. Но, истражувањето открива дека ова е далеку од вистината. Всушност, една студија од 2015 година објавена во Menopause покажала дека жените кои имаат деца по 33 годишна возраст имаат двојно поголеми шанси дека ќе преживеат до 95 години, отколку жените кои го имале своето последно дете пред 30-тата година.
Фото: Unsplash