Кои се најчестите тинејџерски лаги?

Тинејџерскиот период е најризичен и во тој период тинејџерите се често подготвени да излажат

0
100

Многу тинејџери во овој период имаат проблем во комуникацијата со своите родители. И поради пубертетот, и поради некои нови ситуации во кои се наоѓаат.

Постарите ученици од основно и средно училиште нема да им признаат на своите родители дека го имале првиот сексуален однос сè додека тие самите не го сфатат тоа.

„На овој начин, децата сакаат да ги избегнат непотребните прашања од возрасните, на кои обично немаат одговор, како и очекуваната критика и загриженост“, објаснува психологот Џорџ Адамс, а една научна студија покажала дека на списокот на списокот на она што тинејџерите го премолчуваат се и забавите кај непознато друштво.

„Во природата на тинејџерите е да молчат за сè што би можело да предизвика кај возрасните сомнеж дека прават нешто што ним не би им се допаднало. Затоа мајките и татковците мораат мудро да се постават, бидејќи ако се однесуваат како инспектори, лагите само ќе се дуплираат – додава тој.

Истражувањето, исто така, покажало дека во 90 проценти од случаите, адолесцентите нема да пријават дека пробале цигари, додека во 70 проценти нема да признаат дека имаат лоши оценки, туку ќе чекаат родителите сами да дознаат.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]