Кејти, корисничка на апликацијата „ТикТок“, станала вистински хит откако ги прашала своите следбенички кои се најлошите „комплименти“ со кои мажите се обиделе да ги придобијат, а ним им звучеле повеќе како навреди.
Девојките имале многу да кажат, а и Кејти го опишала своето искуство.
„Разговарав со едно момче, и тоа одеднаш ми рече: ‘Знаеш, ми се допаѓаш, ти си поинаква’. Го прашав на што мисли, а тој рече дека не може да води вакви разговори со другите девојки затоа што се глупи“.
Наскоро се јавила и друга девојка, Кејси.
„Ми рече дека не се плаши од дебели девојки“.
Следувале искуствата и на други девојки, а ова се едни од најдобрите:
„Тој призна дека е со мене затоа што му е доста од убави девојки и дека му се допаѓам затоа што не изгледам како модел“.
„Изгледаш добро за твоите години“.
„Ми се допаѓа тоа што не ме остави, дури и кога те изневерив. Ти навистина не сакаш да си сама“.
„Ми рече дека сум убава како за една Азијка затоа што сите други главно биле одвратни“.
„Дечкото ми рече дека му се допаѓам, но дека сум црнкиња, а тој е расист“.
Кој е најлошиот комплимент што ви го дале вам?
Фото: Unsplash