Кои се најглупавите работи во кои сте верувале како деца?

Се сеќавате ли кога како дете, кога целиот свет се чинеше преголем и неверојатен, вие верувавте во работи од кои денеска ви е можеби дури и по малку срам или ви се барем смешни? Патем, јас мислев дека сенките кои се гледаат на Месечината се силуетите на космонаутите и се обидував да распознаам што прават, дали пијат кафе или нешто слично! Имате ли вие да додадете нешто?

0
307

Децата се склони да веруваат во сè и на сè. Некои од овие работи се глупости, но исто така се и многу смешни. Корисникот на Reddit, Samstar10, ги праша другите корисници овој викенд, „Што е најглупото нешто во кое верувавте како дете?“ И меѓу стотиците одговори, избравме неколку кои би можеле да ве расположат.

Хранење низ папокот

Кога бев дете, мајка ми ми објасни дека сите луѓе имаат папочна врвка затоа што мајките нè хранат преку неа сè додека не се родиме. Така, бев убеден дека кога сте бремени, папокот ќе се отвори и ќе го ставите внатре она што го сакате од вашата храна за да можат децата да јадат. Замислував како жените ги туркаат пилешките крилја во папокот, а бебињата си ги јадат. Она што ја прави оваа приказна посебна е тоа што денес работам во болницата како акушерка“, сподели snarkyrn15.

Посветеност на ТВ актерите

Мислев дека за секоја реприза на една епизода или филм, актерите треба да се вратат во студиото и да снимаат одново. Се сеќавам на еден ден кога епизодата од една серија беше репризирана три или четири пати, бев фасциниран со тоа што актерите успеале да ги снимат сите сцени идентично секој пат “, напиша Daking 4001.

Смеењето од снимките за хумористичните серии

Бев убеден дека смеата што се слуша по шегата во хумористична серија потекнува од луѓе кои истовремено со мене ја гледаат серијата. Се сеќавам дека намерно се смеев гласно за да ги известам сите соседи дека сум ја разбрал шегата“, напишал CouldHaveBeenEasy.

Реклами за време на филмови и серии

Мислев дека сериите и филмовите траат додека траат и рекламите, па секогаш се плашев да не пропуштам нешто важно во серијата за време на паузата за реклами“, го споделил своето сеќавање AndAndreyIsntHere.

Затвореници на училишниот систем

Мислев дека наставниците спијат во училиште“, напиша YourFavoriteWeird0.

Навигација во автомобилите

Не знаев дека возачот вклучува трепкач, бев убеден дека тоа е начин да кој автомобилот им дава на знаење на моите родители да знаат каде да завртат“, пишува LadyLuxlord.

Внимателен возач

Мислев дека терминот „Не возете ако пиете“ значи дека не треба да пиете ништо, вклучувајќи и вода“, напишал StarLordFloofer.

Раѓање

Си играв со играчки додека мајка ми разговараше со некого по телефон. Во еден момент таа ја покри слушалката и ме праша дали сакам да имам деца. Размислив малку некое време и ѝ реков дека сакам син и ќерка, а потоа таа го повтори тоа во телефонот. Со години бев убедена дека тоа е тоа и дека си ги нарачав децата“, напишала Bran_Solo.

Раѓање, втор дел

Бев убеден дека тестисите ми се јајца во кои се наоѓаат моите идни деца и дека еден ден само ќе изведат“, напишал shartnado3.

Раѓање, трет дел

Дека полот на детето зависи од тоа кој родител се труди повеќе за време на сексот“, мислел illegalmint.

Ескалатори

Дека ескалаторите се за еднократна употреба и само се собираат во дупката под подот“, напишал stupidlyugly.

Бројките на дресовите на спортистите

Во спортовите, мислев дека бројот што еден спортист го носи на дресот ја покажува неговата возраст. Кога татко ми ми покажа слика на Бејби Рут (познат бејзбол играч), мојата реакција беше: ‘Ова е еден огромен тригодишник’!“, напишал BurghFinsFan.

Омилена боја

Брат ми ме увери дека секоја личност во светот треба да има само една боја што е негова омилена и, бидејќи неговата беше сина, морав да најдам друга. Првиот ден од градинката, воспитувачот не прашуваше која е нашата омилена боја и бидејќи бев меѓу последните, и сите добри бои веќе беа зафатени, јас едноставно се расплакав, напишал pyrotech33.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]