Кои се девојчињата-божици на Непал?

Ги избираат уште како деца, мора да ѝ припаѓаат на златарската каста, да имаат црна коса, црни очи, добро здравје, да бидат смирени и храбри. Во пензија одат кога ќе влезат во пубертет

0
244

Иако во некои традиции божици постојат само во духовното царство, во Непал тие се реални и живи.

Станува збор за долгата традиција на кумари (потекнува од санскритскиот збор Kaumarya што значи принцеза) или живи божици се девојчиња кои уште не влегле во пубертет (некои имаат и една година), а се сметаат за земна манифестација на боговска женска енергија, инкарнација на божицата позната под името Талеџу.

Ги одбираат уште како деца. Девојчето мора да задоволи строги критериуми – 32 атрибути за совршенство, во кои, меѓудругото, спаѓаат и тие дека мора да ѝ припаѓаат на златарската каста, да имаат црна коса, црни очи, добро здравје, да бидат смирени и храбри.

По именувањето Кумари е посветена на храмот и има малку контакти со надворешниот свет. Освен што живеат во храмови, се возат во кочии за време на фестивалот и ги обожуваат и почитуваат  будистите и индусите. Во пензија одат кога ќе влезат во пубертет.

Некои активисти го критикуваат овој обичај како облик на искористување на децата кој ја загрозува нивната слобода и едукација, особено затоа што се ограничени на живот во куќи и храмови и се врзани со строги ритуали. Меѓутоа, во 2008.година, Врховниот суд во Непал ја укинал петицијата  против оваа пракса заради нејзиното културно и религиозно значење.

Не смеат да го допрат тлото

Иако постојат неколку божици во Непал, најпозната и најценета е кралската куари Катандуа која живее во палатата Куар Гхар во центарот на градот. За време на својот мандат, кралската кумари не смее да го допре тлото – кога и да ја напушти палатата, ја носат во златна носилка. Кумарите се облечени во црвено и имаат симболично огнено око на челото.

Што се случува со нив кога ќе одат во пензија?

Поранешната кумари Чанира Баjрачариa рекла дека се соочила со големи предизвици по повлекувањето, во текот на тешката транзиција од божица во смртник.

„По повлекувањето не бев во состојба ниту нормално да одам затоа што додека бев кумари постојано ме носеа. Целиот надворешен свет ми беше туѓ“, рекла таа за South China Morning Post.

Што мислите вие за оваа традиција?

[better-ads type='banner' banner='999' ]