Кои воспитни методи ги прават децата уште понепослушни?

Дали знаевте дека можеби несвесно ќе ги направите децата уште понепослушни?

0
140

Според експертите од VeryWellFamily, некои воспитни методи не функционираат на начинот на кој ние мислиме. Првиот е викање, што повеќето родители признаваат дека го прават.

„Ако често викате, тоа не помага во дисциплинирање на детето“, велат експертите, објаснувајќи дека децата ќе се навикнат на вревата и веројатно ќе престанат да го прават она што ќе им биде кажано.

Постојаното приговарање е исто така нешто што родителите треба да го избегнуваат ако сакаат нивните деца да преземат одговорност.

„Таквиот пристап ги тера децата да мислат дека не треба да се мачат затоа што нивните родители постојано ќе им приговараат“, додаваат тие.

Заканите за одземање на паметните уреди или ускратување на десерт исто така можеби не се толку плодотворни, исто како и засрамувањето, без оглед дали го правите тоа насамо или во јавност. Тоа веројатно ќе го налути детето и тоа ќе се однесува уште полошо.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]