Кога одите на пазар да изберете зеленчук и овошје со кое таа недела ќе го храните вашето семејство таа недела, многу е веројатно дека ќе го прашате продавачот „дали е прскано?“. Исто така, веројатно е дека тој ќе одговори – не. Сепак, тоа е ретко точно.
За жал, денес, многу видови на зеленчук и овошје се третираат хемиски со пестициди, за кои е докажано дека се штетни за развојот на бебињата и децата.
На прво место во однос на количината на пестициди кои беа пронајдени при контролата – се јагодите. Покрај тоа, тие се многу тешки за миење бидејќи не се мазни. Потоа следуваат спанаќ, кељ, нектарини, јаболка и грозје. Праските и агрумите не заостануваат. Ова се заклучоците на Работната група за заштита на животната средина за 2021 година, а исто така било објавено и дека речиси 70 проценти од чистото овошје и зеленчук, односно свежи намирници, немаат пестициди, што ги прави побезбеден избор.
На тој список се наоѓаат пченката шеќерец, кромидот, замрзнатиот грашок, модар патлиџан, брокула, зелка и печурки, пренесува CNN. На списокот на најчисто овошје се ананас, киви, диња и авокадо. Авокадото и пченката шеќерец биле најмалку загадени и содржеле помалку од два проценти остатоци од пестициди, се вели во извештајот.
„Пестицидите се токсични и треба да сторите сè што можете за да ја намалите изложеноста и да го заштитите здравјето на вашето семејство“, вели Џејн Холихен, директорка за наука и здравје на организацијата „Здрави бебиња на светлата иднина“
Работната група за животна средина го објавува овој извештај секоја година од 2004. година наваму, користејќи податоци од истражување спроведено од Министерството за земјоделство на САД за рангирање на 46 намирници што содржат најмногу и најмалку пестициди.
Некои пестициди се канцерогени за луѓето
Во годинешниот извештај се наведуваат зелјето и кељот како зеленчуци кои содржат големи количини пестициди. Тестовите откриле дека овој зеленчук често содржи пестицид ДЦПА, кој Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) го класифицира како можен канцероген за луѓето. Европската унија го забранила во 2009 година.
За првпат лутото пиперче, кое не е тестирано од 2012 година, се најде на десеттото место, а на минатогодишните посеви со овие пиперки се пронајдени 115 пестициди, што е повеќе од која било друга тестирана култура.
Пиперките, портокалите, јаболката, грозјето и црешите често се загадени со пестицидот хлорпирифос кој требало да биде трајно забранет во САД во 2016 година, кога експерти за животна средина утврдиле дека им штети на децата и на земјоделските работници.
„Хлорпирифос требаше да биде забранет во САД и Европа. Тој е невротоксичен и го оштетува развојот на мозокот на децата“, вели Холихен.
Работната група за заштита на животната средина тестирала агруми. Студијата покажала дека два фунгицида, имазалил и тиабендазол, биле широко распространети во цитрусите, а Холихен објаснила дека овие фунгициди можат да го нарушат хормоналниот состав.
Фунгицидот имазалил е пронајден во скоро 90 проценти од испитаните примероци грејпфрут, портокал, мандарина и лимон. Она што е уште позагрижувачко е што фунгицидите навлегле во месото на овошјето дури и откако овошјето било излупено.
Фото: Pexels