Кое е најопасното место за спиење на бебето во вашиот дом?

Ново истражување покажува дека каучите се најопасните места за спиење на бебињата, па не е препорачливо да се користат дури ни за краток одмор

0
495

Најопасното место кадешто може да спие бебето е на каучот, покажува новото истражување објавено во списанието Pediatrics. Помеѓу 2004 и 2012 година, во САД имало 9000 смртни случаи од спиење кај деца, од кои речиси 13 проценти се случиле додека децата спиеле на каучот – повеќето на возраст под три месеци.

Повеќето родители не знаат која е најбезбедната положба за спиење

Авторите на студијата откриле уште некои ризични фактори: децата најверојатно спиеле со уште едно лице на каучот, биле ленати на страна или на стомак. Истражувачите истакнале дека спиењето на каучот не се препорачува дури ни за краток одмор.

Американската академија за педијатрија дала препораки за безбедно спиење на деца и намалување на ризикот од смрт во колевка (СИДС):

1. Бебето секогаш треба да спие на грб без разлика дали станува збор за дневен или ноќен сон (не грижете се ако вашето бебе е доволно големо и само се врти на стомак за време на спиењето).

2. Доенчињата треба да спијат на цврста и рамна површина во креветче или колевка што ги задоволуваат сите безбедносни барања. Никогаш не го ставајте детето да спие на кауч или на воден кревет.

3. Извадете ги од креветчето сите меки предмети, вклучувајќи играчки, перници и навлаки.

4. Најбезбедно место за спиење е креветчето или колевката што се наоѓаат во иста просторија каде што спиете и вие.

Некои други совети за намалување на ризикот од смрт во колевка се: одржувајте пријатна температура во просторијата, не пушете во близина на детето или во која било просторија кадешто престојува детето.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]