Децата знаат да бидат пребирливи кога станува збор за храната. Тие би јаделе слатки, а кога нешто на нивната чинија не им се допаѓа, знаат сосема да полудат. Тие се во состојба да го променат својот вкус речиси преку ноќ, на големо изненадување на нивните родители. Од овие причини, родителите често имаат тешка задача да го натераат своето дете да го јаде тоа што му го подготвиле.
Една јапонска мајка ги нема овие проблеми. Госпоѓата по име Етони им ги послужува оброците на своите три деца од 8, 10 и 12 години, на начин кој нема шанси да не им се допадне. Таа прави сложени аранжмани од намирници кои изгледаат совршено, но исто така со нивна помош формира ликови од цртани и детски играни филмови, кои ги воодушевуваат нејзините деца. Своите креации ги објавува на својот многу популарен профил на Инстаграм (@etn.co_mam) на кој има дури 151.000 следбеници.
Погледнете некои од нејзините најубаво аранжирани оброци во нашата галерија.