Кога родителите по разводот би можеле наместо на себе, да почнат да мислат на децата?

Понекогаш, родителите се водат според „детските желби“ дека не сакаат да го видат другиот родител или дека не го сакаат. Во овие ситуации, родителите честопати ги исполнуваат желбите на своите деца без да сфатат дека тоа може да има негативни последици и дека ова е форма на занемарување на децата. Прашањето е, дали ја почитуваме желбата на детето да не оди на училиште кога не сака да оди или да не зема лекови кога е болно? Родителите секогаш мора да постапуваат во најдобар интерес на детето, па дури и кога имаат лош однос со поранешните партнери, треба да им дозволат да создадат позитивна слика за другиот родител.

0
342

Различни студии покажуваат дека децата од висококонфликтните разводи на брак на родителите, имаат 2-5 пати поголема веројатност да имаат потешкотии во однесувањето отколку децата чии родители се развеле мирно. Нашата практика покажала дека разводите со висок конфликт имаат голем број негативни последици врз детето:

Се чувствува несакано и отфрлено

Самодовербата му е ниска

постојано е во ситуација да „одбира страна“

потешко му е да развие блиски односи со други луѓе

во зрелоста, стапува со недоверба во партнерски односи.

Оттуѓеноста на децата од другиот родител е сè почеста појава кај висококонфликтните разводи. Родителот може да го оттуѓи детето свесно, со цел „казнување“ на поранешниот партнер со тоа што детето, поради влијанието на оттуѓувачкиот родител, ќе потврди дека другиот родител е лош, не само како партнер, туку и како родител. Оттуѓувањето исто така може да биде несвесно, веднаш по разводот, кога родителите се во фаза на прилагодување кон новите услови за живеење.

Понекогаш, родителите се водат според „детските желби“ дека не сакаат да го видат другиот родител или дека не го сакаат, дека децата не сакаат да одат кај другиот родител и дека не можат да ги натераат да одат или да го сакаат другиот родител, итн. Во овие ситуации, родителите честопати ги исполнуваат желбите на своите деца без да сфатат дека тоа може да има негативни последици и дека ова е форма на занемарување на децата. Прашањето е, дали ја почитуваме желбата на детето да не оди на училиште кога не сака да оди или да не зема лекови кога е болен? Родителите секогаш мора да постапуваат во најдобар интерес на детето, па дури и кога имаат лош однос со поранешните партнери, треба да им дозволат да создадат позитивна слика за другиот родител.

Од друга страна, децата кои учат дека можат самите да донесуваат развојно несоодветни одлуки, водени само со нивните желби, тоа ќе го искористат и во адолесценцијата бидејќи всушност нема да постои родителски авторитет. Како тогаш ќе го „присилиме“ детето да се врати дома во договореното време, да не се дрогира, да оди редовно оди на училиште?

Детето сака да има двајца родители кои безусловно го сакаат такво какво што е. Детето исто така ги сака своите родители такви какви што се. Кога детето ќе се наајде во ситуација кога неговата љубов ќе биде условена со тоа што ќе му биде лојален на едниот родител и нема да го прифати другиот родител, може да се праша: „Дали сум достоен за тоа да бидам сакано од некого? Ако не ме сакаат, како што сум, моите родители, како ќе ме сака некој друг? “

Децата секогаш ќе се држат до родителот кој ја условува љубовта затоа што е важно за нив да бидат сакани од двајцата родители, а родителот кој ја условува љубвта би може да ги остави, што е неподносливо за нив. Исто така, една од негативните последици од отуѓувањето е што децата постојано слушаат што е тоа што родителите го сакаа да им угодуваат. Во таква ситуација, тие ги оставаат настрана своите вистински потреби и потенцираат дека им треба она што родителите го очекуваат / сакаат.

Кога го земаме предвид сето ова – детето кое треба да избира меѓу родителите, е дете кое не може да биде спонтано и непосредно затоа што постојано ги слуша реакциите на неговите родители, дете кое се плаши да биде одбиено ако сака друг родител, дете кое добива порака дека тој има својства на „погрешен“ родител – треба да се прашуваме како се чувствува ова дете, дали расте со страв од отфрлање во свет на недоверба и манипулација? Дали е ова дете е среќно и дали е навистина задоволно“? Дали родителите постапуваат во најдобар интерес на своето дете во оваа ситуација?

Важно е родителите да ја препознаат потребата детето да има двајца родители и да ја почитува таа потреба без оглед на тоа колку има лошо мислење за својот поранешен партнер. Важно е детето да не мора да одлучи со кого ќе живее и кого ќе го сака повеќе, како и да порасне во средина на која може да ѝ верува дека ќе биде сакано такво какво што е. Препреките во комуникацијата во врска со родителството на поранешните партнери можат да се решат со помош на професионалци кои работат со деца и семејства. Тоа е процес кој одзема многу време и треба родителите да се вооружат со трпеливост и толеранција. Еден од начините е семејната медијација.

Семејниот медијатор им помага на родителите да се договорат околу сите прашања што се препрека во комуникацијата, во врска со воспитувањето на децата, такашто ќе се земат предвид потребите на двајцата родители, како и  најдобрите интереси на детето. Родителите кои имаат изградено добар родителски однос кој не е тежок и не е место за нови конфликти меѓу поранешните партнери се чувствуваат растоварено и задоволно. Родителството станува задоволство и децата ги имаат двајцата родители, иако тие не живеат заедно.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]