Кога користењето на цуцла-лажливка може да предизвика проблеми во говорот?

Долготрајното користење на цуцла може да предизвика големи проблеми во говорот на детето, но и да влијае врз начинот на решавање на проблемите во подоцнежните години.

0
797

Веќе е познато дека долготрајното и често користење на детски цуцли како последица може да има деформација на непцата и загризот. Неодамна научниците дошле и до заклучок дека децата кои користат цуцла повеќе од три години имаат поголема можност за развој на проблеми со говорот од децата кои не користеле цуцла.

Ова го заклучиле авторите на американско-чилеанското истражување чии резултати биле објавени во списанието BMC Paediatrics.

Поврзаноста на цуцлата со развојот на говор ја потврдува и Дана Куталкова, чешка експертка за логопедија. Како што пренесува чешкиот весник Dnes, др.Куталкова вели дека кај децата кои долго и често употребуваат цуцла може да дојде до деформирање на вилицата, а на крајот и загризот.

„Меката коска заради постојаниот притисок на цуцлата се предава, и тоа особено ако цуцлата нема правилен облик. Сето тоа може да предизвика и проблеми со изговорот и шушкање“, објаснува Куталкова.

Освен тоа, долготррајната употреба на цуцлата може да влијае и на неправилна положба на јазикот или на поинаков начин на голтање.

Доведува до подоцнежна зависност од цигари

Докторката предупредува и на уште еден проблем. „Цуцлата често се употребува како средство со кое детето се стивнува или сосема се замолчуцва, значи, станува средство за решавање на различни емоции и ситни кризи на детето. Секако дека тоа во подоцнежните години може да доведе до навики за решавање на проблемите на сличен начин, на пример, со цигари“.

Покрај умереното користење на цуцла, за правилен развој на говорот клучна улога имаат родителите или други блиски личности. Затоа логопедите препорачуваат на детето од најрана возраст да им се зборува често и на разбирлив начин.

„Освен тоа, важно е чувството на безбедност во семејството, како и достапност до разговорите со возрасните и врсниците“, додава др.Куталкова. Ако родителите забележат проблеми во говорот на своето ете, најдобро е веднаш да оисетат логопед.

[better-ads type='banner' banner='999' ]