Додека се мали децата лажат првенствено од лични интереси, а подоцна и заради туѓото мислење или заради она што е општествено прифатливо, истакнуваат експертите и нагласуваат дека ваквото однесување е нормално за развојот на детето.
Првата лага е после втората година
Децата обично почнуваат да лажат на возраст од две до четири години, но ретко ова треба да се сфати сериозно затоа што нема да станат проблематични заради неколку неизречени вистини.
Експертите велат дека лажењето кај децата е всушност знак дека тие знаат што се случува околу нив, развиле „теорија на умот“ – свест за тоа дека другите можат да имаат различни желби, чувства и верувања за себе.
Првиот пат секогаш ги фаќате
Нивните први лаги се обично смешни и симпатични и без никаков ефект. На пример, кога тие тврдат дека не ја изеле тортата, а устата и лицето им се извалкани од чоколадо или го обвинуваат кучето дека цртало на ѕидот.
Тие знаат дека можат да ги измамат другите, но сè уште не се доволно вешти и убедливи.
И додека самото лажење не е општествено прифатливо, способноста да знаат што мислат и чувствуваат другите е важна социјална вештина. Тоа е поврзано со емпатијата, соработката и грижата за другите.
Фото: Freepik