Кога детето пцуе, тие се смеат, а кога гризе, ја прават оваа грешка

Не се сеќавам многу на тоа, ама сестра ми знае да ме потсети: „Кога беше мала ти ме гризеше мене, ама и моите другарки, и пред да не гризнеш викаше - краставица“! Хм, а јас баш мислев дека сум била слатко дете

0
359

Малите деца знаат да бидат агресивни и да ги удираат другите деца, но и родителите, да ги шутираат, да ги кубат, да ги гризат и да кажуваат грди зборови.
Не се правете дека не го забележувате однесувањето на вашето дете. Ако не правите ништо, грубото однесување може да стане навика и вашето дете може да има сериозен проблем со другите деца. Но, тогаш е доцна.

Не ги игнорирајте пцовките

Кога детето ќе опцуе за прв пат, не поминувајте преку тоа како да не сте чуле, а особено немојте да се насмеете! Објаснете му го значењето на тие зборови и кажете му дека другите ќе му се смеат кога ќе ги каже повторно, но не затоа што е интересен, туку затоа што ќе мислат дека е прост.

Како и да е, кога ќе опцуе, никогаш не мојте да се насмеете. Одредете казна за пцуење и бидете доследни во нејзиното спроведување. Казната треба да биде укинување на некои привилегии, на пример, забрана за гледање цртани филмови, користење мобилни телефони или игри. А пред сѐ, бидете добар пример и сами отстранете ги грдите зборови од својот речник.

Посветете ѝ внимание на жртвата

Ако некое дете касне или удри друго дете, веднаш одделете ги. Потоа посветете му се на детето кое е жртва и утешете го и игнорирајте го детето кое прво го удрило. Детето мора да разбере дека тоа што го сторило е неприфатливо. Уште од рана возраст, мора да се научи на самоконтрола.

Со удирањето привлекува внимание

Ако детето е склоно да удира други, следете го почесто. Не го удирајте ако тој удри некого, бидејќи тоа ќе го научи на агресија. Детето мора да развие емпатија.

Пронајдете замена за гризење

Децата гризат кога не се во состојба да се справат со ситуацијата во која се наоѓаат, но и да покажат возбуда, страв, вознемиреност, љубомора, досада … Хроничното гризење може да биде показател дека детето има потешкотии со прилагодувањето – друго дете, развод, преселба, нова средина … Пронајдете му замена – играчка што ќе ја гризне. Но, ако гризне за да украде нечија играчка – веднаш одземете му ја!

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]