Кога да се воведе краставица во исхраната на бебето?

Краставицата, иако многумина не го знаат тоа, е полна со витамини и минерали. Но, без оглед на тоа, краставиците не се баш идеална храна за вашите бебиња.

0
250

Краставицата содржи многу вода дури 96%, и како таква не им нуди на бебињата многу хранливи материи што им се потребни. Исто така, краставиците можат да предизвикаат надуеност и гасови кај вашето бебе.

Можете да му понудите краставица на вашето бебе кога ќе има 10 месеци. Запомнете, секогаш консултирајте се со вашиот педијатар за воведување нова намирница во исхраната на вашето бебе.

Краставиците не се на списокот на зеленчук кој е многу контаминиран со пестициди, затоа не е потребно да се купуваат органски одгледувани краставици.

Краставиците се во сезона од мај до јули, сепак, достапни се во текот на целата година. Кога купувате краставица, изберете поцврста краставица, бидејќи таа цврстина укажува на нејзината свежина.

Не е пожелно да се варат или да се преработуваат на кој било начин. Можете да му понудите на вашето бебе краставица како салата или како оброк со јогурт.

Храна што е добро да се меша со краставица е: јаболко, боранија, тиквичка, јогурт.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]