Кога го удирате детето по газето, тоа му штети повеќе отколку што мислите

Кога станува збор за плескање по газето за кое обично родителите знаат да кажат: 'не го тепам кога не слуша, само ќе го плеснам малку по газето', постојат различни мислења околу тоа како влијае на детето. Што мислите вие на оваа тема?

0
525

По повод Меѓународниот ден на ненасилството, кој се слави на 2 октомври, ја отвораме темата за физичко казнување на децата.

Имено, ново истражување потврдило дека физичкото казнување, дури и кога станува збор за повремено удирање по газето, може да има штетни и долготрајни последици за детето подоцна во детството, но и во зрелоста.

Кога станува збор за плескање по газето за кое обично родителите знаат да кажат: ‘не го тепам кога не слуша, само ќе го плеснам малку по газето’, постојат различни мислења околу тоа како влијае на детето.

Додека некои родители тврдат дека повременото плескање по газот не е толку страшно, други јасно истакнуваат дека тоа никогаш не е прифатливо и не го оправдуваат во никој случај, а резултатите од новото истражување дефинитивно ги фаворизираат противниците на плескањето.
Студија објавена во научното списание Developmental Psychology („Развојна психологија“) открива дека децата кои се казнувани со удирање по газот, на возраст од 15 месеци, имаат полош темперамент и однесување подоцна во детството и во тинејџерските години. Истражувачите проучувале 15-месечни деца и го следеле нивното однесување преку анкети до нивното петто одделение од основно училиште.

Негативните последици се покажале точни преку расни и социоекономски групи. Една неодамнешна студија објавена во списанието Child Abuse & Neglect, го следела влијанието на удирањето по газот сè до зрелоста. Истражувачите проучувале 8.300 луѓе на возраст меѓу 19 и 97 години, и речиси 55 проценти признале дека биле удирани по задникот како деца – повеќе мажи отколку жени, а токму во тие 55 проценти имало повеќе луѓе со депресија и други проблеми со менталното здравје, како и проблеми со консумирање алкохол и дрога.

Ново истражување потврдило дека физичкото казнување, дури и кога станува збор за повремено удирање по газето, може да има штетни и долготрајни последици за детето подоцна во детството, но и во зрелоста.

„Многу е важно родителите да се воздржат од какво било физичко казнување затоа што е јасно дека тоа може да има долгорочни последици“, објаснил Густаво Карло, психолог и автор на студијата, додавајќи дека родителите треба да ги учат своите деца како да управуваат со нивното однесување на рана возраст, ако сакаат да негуваат позитивно однесување кај децата.

Претходните истражувања покажале дека физичкото казнување е поврзано со краткорочни влијанија врз развојот на детето низ детството, но овие нови истражувања сугерираат дека удирањето може да има негативни последици и во подалечната иднина.

„Ова е особено важно затоа што едно истражување од 2014 година открило дека родителите ги удираат децата по задникот на сѐ порана возраст“, ​​вели психологот Карло, објаснувајќи дека околу 30% од децата на возраст под една година се удирани по газот.

Постојат многу начини да се дисциплинира дете без физичко казнување, а тактиките што се покажале како најкорисни вклучуваат „паузи“, јасно соопштени ограничувања и правила и квалитетна комуникација со детето. Важно е родителите да бидат реални и трпеливи со своите деца затоа што малите деца сè уште учат и го истражуваат светот околу нив.

Според експертите, телесната казна е омаловажувачка за детето и ги нарушува односите со родителите, бидејќи во таа ситуација возрасниот само ја нагласува својата моќ и авторитет. Така, ние го учиме детето дека насилството е прифатлив начин за решавање на конфликтни ситуации. Различни истражувања зборуваат дека физичкото казнување не е делотворен воспитен метод и не делува долгорочно врз однесувањето.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]