Кога бебе, работите ли на случајот? Ич да не ви е гајле…

„Кога бебе?“, „Има нешто ново?“, „Работите ли на случајот?“ и други добронамерни, непристојни прашања, се она со што се соочуваат речиси сите млади двојки.

0
265

„Ооо, здраво, што правите бе вие, уште нема бебе?!? Ааа, не може така, ајде веќе, што чекате!“ Ова се вообичаените прашања кои често добронамерно, но непромислено и крајно непристојно многу луѓе им ги поставуваат на младите двојки, од најблиските, до подалечните роднини и пријатели, па дури и до соседите кои ги среќаваат во лифтот.

Кај многу двојки, овие прашања предизвикуваат комплексни и непријатни чувства. Имено, многу од нив се борат со неплодност и нивниот пат кон бременоста е мачен и тежок, и психички и физички.

Добрите намери понекогаш не се доволно добри!
„Во моментов само уживаме во бракот.
„Прво сакаме да поуживаме сами“
„Во моментов само се фокусираме на своите кариери …“

„Ова се само неколку од причините со кои (со вештачка насмевка) го маскирав она што навистина се случуваше“, признава Адел Барбаро, мајка од Мелбурн. Адел се занимавала со ваквите прашања за тоа дали ќе „има семејство“ во исто време кога таа и нејзиниот сопруг се бореле со предизвиците на неплодноста. Додека оние што ги поставувале прашањата речиси сигурно само се обидувале да покажат интерес, многумина од нив не размислуваат колку може да биде лично ова прашање.

За Адел тоа било многу лично, еден вид шлаканица во периодот кога очајно се обидувала да забремени. Таа вели дека не успевала секогаш да се воздржи и да остане смирена. „Еден ден одговорив: ‘Не е толку лесно, знаете?’ Само што добив менструација тоа утро … повторно”, напишала таа во објава на Фејсбук. Можностите за зачнување и за одржување на бременоста, всушност се многу лоши, кај многу жени со полицистични јајници, ендометриоза, итн. И јас бев една од нив“, напишала Адел.

Плашејќи се дека никогаш нема да стане мајка, Адел и нејзиниот сопруг започнале тежок процес на обидување да станат родители преку вештачко оплодување. „Тоа е најдолгото, инвазивно, скапо и емоционално болно патување на кое некогаш сум била“, открива таа. „Тоа всушност ме скрши. Инвестиравме толку многу во процесот, финансиски и емоционално, што ги исцрпивме последните атоми на сила“.

„Кога имате потешкотии во зачнувањето, се чини дека сите околу вас лесно забременуваат. Лесно е да се биде среќен за нив на почетокот, но тоа храбро лице се обесхрабрува по некое време. Дури и почнав да одбивам да одам на одредени собири, а одењето на детски родендени беше едноставно болно. Станав прилично огорчена, очајна и депресивна“.

По долгогодишно обидување, Адел и нејзиниот сопруг конечно успеаја и Адел забременила. Таа е исклучително благодарна, но сака да ги поштеди и другите кои се борат со неплодност, да не почувствуваат барем дел од болката што ја почувствувала таа. Кога ќе се фатите себеси како се распрашувате за нечии планови за деца, размислете неколку пати!

„Многу двојки ќе се обидуваат со години“, истакнува Адел. „И, некои можеби никогаш нема да успеат. А што е со двојката што едноставно не сака деца? Или едноставно не е подготвена со оваа улога, или пак го изгубиле своето малечко?“ Следниот пат кога ќе сакате да коментирате на оваа тема, бидете внимателни и добро промислете. Не прашувајте ги кога ќе имаат деца. Никогаш не знаете што навистина им се случува“, порачала Адел.

Ние се согласуваме со ова, а вие?

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]