Кога бебето почнува да памти лица и предмети?

Новороденчето може да го препознае гласот на својата мајка веднаш по раѓањето, додека доените бебиња можат да го препознаат мирисот на мајката по само една недела.

0
147

Препознавањето или идентификувањето на лица и предмети напредува навистина брзо во текот на првата година од животот.

Дури и во текот на првите два месеци од животот, бебето има способност да ги препознае најблиските лица и гласови, особено оние што ги гледа секој ден. Новороденчето може да го препознае гласот на својата мајка веднаш по раѓањето, додека доените бебиња можат да го препознаат мирисот на мајката по само една недела.

Овој тип на препознавање е прв показател за меморијата, односно помнењето, иако се разликува од меморирање и запомнување детали за конкретни настани или епизоди. Бројни експерименти покажале дека тримесечно бебе може да се сети на сликите и играчките што му биле покажани шест дена порано.

Веќе на возраст од девет месеци, бебето може да се сети на некои поконкретни детали, како на пример каде се играчките. Долгорочно свесно меморирање на одредени настани започнува да се развива некаде помеѓу 14 и 18 месец.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]