Студијата на Томас Соботка, демограф на Академијата на науки на Австрија, покажала дека во ниту една земја во светот опфатена со истражувањето – 15 членки на ЕУ, Швајцарија, САД, Русија, Јужна Кореја, Тајван, Норвешка и Украина – девет месеци после почетокот на пандемијата не дошло до зголемување на наталитетот.
И не само тоа, туку е видлив и јасен пад на наталитетот, кој во Шпанија, на пример, изнесува 20 проценти. Најголем пад на наталитетот е забележан во земјите каде првиот бран на пандемијата предизвика високи стапки на инфекции и голем број смртни случаи, како што се Шпанија и Италија. Во Италија, стапката на наталитет паднал за осум проценти.
Забележлива е и состојбата во Унгарија, каде бројот на породувања се зголемил до деветтиот месец по почетокот на пандемијата, а во ноември бројот стагнирал, за да се намали за осум проценти во декември, а за 10 проценти во јануари.
Во Австрија, стапката на наталитет паднала за 5,5 проценти, што одговара на просечниот тренд на сите анализирани земји. Во Данска, Финска и Норвешка, стапката на наталитет останала стабилна.
Соботка проценува дека причината за падот на наталитетот треба да се бара и во економските и во здравствените причини, бидејќи жените се плашат да останат бремени за време на пандемијата. Како што пренесува Танјуг, Соботка верува дека пандемијата ковид 19 ќе има последици дури и откако ќе помине.
Фото: Freepik