Кинеска компанија направи бизарна машина за екстракција на сперматозоиди која е еден вид реплика на човечка вагина и наменета е за донаторите кои не сакаат да мастурбират во болница.
Овој hands-free „сперминатор“ има за цел да им помогне на донаторите кои се премногу засрамени за да мастурбираат во болницата.
Бизарната машина од 5.000 фунти е опремена со подмачкана цевка за масажа која, според нејзините пронаоѓачи, наликува на вагината.
Висината на тешкиот гаџет е прилагодлива, додека брзината, силата и топлината исто така може да се подесуваат нагоре и надолу.
„Исто така, може да симулира вагинално опкружување, преку масажа, грчеви, цицање, вибрации“, велат од компанијата.
Кинескатата влада стравува од сериозен недостиг на донации на сперматозоиди во иднина – и срамот е една од причините.
Неодамна, државните медиуми побараа од идните волонтери „да го покажат своето сочувство“ и „да помогнат во ублажувањето на проблемот со стареењето на земјата“.
Но, многу потенцијални донатори се откажуваат од оваа идеја бидејќи се срамат од соочувањето со предизвикот во клиничко опкружување.
„Болниците најчесто ја користат мастурбацијата како метод за собирање донации од сперма, без да обезбедат место или опрема”, изјавил пронаоѓачот Динг Гуиџианг за Ројтерс.
This hands-free 'sperm extractor' aims to help donors too embarrassed to masturbate in the hospital (via NowThis Future)
由 NowThis 发布于 2019年4月13日周六
Многу од уредите кои првично биле откриени во 2014 година – се испраќаат во САД, Германија, Русија и Франција.
Кинезите изгледаат прилично инвентивни кога станува збор за донации на спермата.
Во 2015 година, две кинески клиники им понудиле на донаторите на сперма, сума во вредност на iPhone 6 за посета.