Во нацрт -законот за унапредување на семејното воспитување, старателите во Кина ќе бидат предупредени и ќе добијат инструкции да ја поминат програмата за насоки за семејно образование доколку обвинителите најдат многу лошо или криминално однесување кај децата под нивна грижа.
„Има многу причини зошто адолесцентите се однесуваат лошо, а несоодветното семејно образование или неговиот недостаток е главната причина“, вели Занг Тивеи, портпарол на комисијата за аконодавни прашања на Националниот народен конгрес.
Предлог -законот за унапредување на семејното образование, за кој ќе се расправа на седницата на Постојаната комисија на Конгресот оваа недела, исто така ги охрабрува родителите да им овозможат на своите деца време за одмор, игра и вежбање.
Досегашната интервенција на државата во воспитувањето и образованието на младите
Пекинг оваа година веќе работеше на промовирање на некои правила за образование, од борба против зависноста на младите од онлајн игри, кои се сметаат за форма на „духовен опиум“, до борба против „слепата“ опсесија со познати личности на Интернет.
Во последниве месеци, кинеското Министерство за образование го ограничи времето за играње на малолетниците, дозволувајќи им да играат онлајн игри еден час, и тоа само во петок, сабота и недела. Исто така, го намали обемот на домашни задачи и забрани воннаставни часови од главните теми за време на викендите и празниците, загрижени заради преголемото академско оптоварување на веќе преоптоварените деца.
„Феминизирани“ машки адолесценти
Во исто време, Кина ги повикува младите Кинези да бидат помалку „феминизирани“ и да станат „помажествени“.
Во својот Предлог за спречување на феминизација на машките адолесценти, објавен во декември, тамошното Министерство за образование ги повика училиштата да промовираат спорт, како што е фудбалот.
Фото: Pexels