Кај мајките на деца со аутизам најдени значително поинакви нивоа на метаболити во крвта

Ова откритие значи дека би можел да се развие тест на крвта што ќе покаже кои мајки имаат поголем ризик да родат дете со нарушување од аутистичниот спектар.

0
507

Во периодот од две до пет години по раѓањето, мајките на деца со аутистичен спектар имаат значително различни нивоа на метаболити во крвта отколку мајките на деца со нормален развој. Ова се резултатите од неодамна објавената студија во списанието BMC Pediatrics, спроведена од мултидисциплинарен тим од Политехничкиот институт Ренслер, Државниот универзитет во Аризона и Клиниката Мејо.

Научниците анализирале примероци од крв од 30 мајки на деца со аутистичен спектар и 29 мајки на деца со нормален развој. За време на анализата, децата на сите мајки биле на возраст од две до пет години. Тимот открил разлики во нивото на неколку метаболити помеѓу овие две групи мајки.

Научниците сега се прашуваат дали истата разлика постои и во нивото на метаболизмот за време на бременоста, што би значело дека може да има причинско-последична врска.

Многу варијации се поврзани со ниско ниво на фолати, витамин Б12 и карнитин конјугати. Подетална анализа покажа дека овие разлики можат да се групираат во пет подгрупи според сличноста на метаболитите. Многу варијации биле поврзани со ниско ниво на фолати, витамин Б12 и карнитински конјугати. Карнитинот може да се произведе во организмот и може да се внесе од храна како свинско и говедско, но повисоки нивоа на карнитин не се пронајдени кај мајки кои јадат повеќе месо. Авторите на студијата веруваат дека овие разлики повеќе зависат од начинот на метаболизам на карнитинот во телото на мајката. Помали нивоа на повеќе метаболити зависни од карнитинот се забележани кај мајки на аутистични деца, па затоа се препорачува во иднина да му се даде поголемо значење на овој метаболит. Пристапот на овој тим научници покажал голема точност при предвидување, засновано врз анализа на примерок од крв, во која група припаѓа мајката, што значи дека може да се развие тест на крвта што ќе покаже кои мајки имаат поголем ризик да родат дете со нарушување на аутистичниот спектар.

Во моментов, овој тим спроведува нова студија со анализа на примероци од крв земени за време на бременоста, за да утврди дали овие разлики се присутни и во текот на оваа состојба.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]