Катарина Ивановска: Денеска го славиме првиот роденден на Вања

Нашата најпозната топ-моделка тукушто се врати од одморот во Грција од кадешто ја организираше прославата на првиот роденден на своето синче Вања. Роденденот ќе биде голем и на отворено, токму како што доликува за првата „журка“.  

0
3569
Од одморот во Баскија

Кики и нејзиниот сопруг Цобе се заедно цели 11 години, а пред точно една година, на 30.мај, го добија и синчето Вања. Иако обично се мисли дека познатите фаци се разгалени и научени постојано некој да им помага околу децата, ако ја прашате дали некој им помага кога одат на патувања со Вања, нашата Кики остро ќе ви рече: Сосема сме способни сами да се грижиме за своето дете!

И навистина е така! Иако Вања денеска полни една година, тој е веќе голем патник. Без проблем патува со авион и на своето прво патување бил уште на три месеци кога тројцата биле на Миконос, кога имал пет месеци отишле на Крит, а пред 2 месеци, кога имал само 10 месеци, ја шетале Баскија (Шпанија).

Тие сега се вратија и од одморот во Грција од кадешто Катарина успеа да го организира и првиот роденден на Вања. Иако првата идеја ѝ била да го прослават роденденот во нашиот стар добар градски парк, сепак, заради повозрасните роднини кои оваа година, бидејќи е Вања сѐ уште мал па нема големо друштво од врсници, ќе бидат побројни на роденденот, се одлучиле за друга варијанта. Прославата ќе биде голема и на отворено.

Иако е денеска голем ден, Кики не пропушта да оди на вежбање па додека зборувавме, се подготвуваше за утринската „доза“.

Инаку, ако ја слушате неа, веднаш ќе посакате едно или барем уште едно дете. Таа за мајчинството зборува со таква леснотија што сите оние приказни дека е ова најтешката улога, паѓаат во вода и останува само вториот дел од дефиницијата за родителството – она дека е најубавата работа на светот.

„Воопшто не е тешко да се чува дете како Вања. Без проблем јаде, спие, многу е весел и сака да е со луѓе, а најмногу од сѐ сака да се бања. Ние сме опуштени родители и тој ја чувствува нашата енергија која му ја пренесуваме и нему. Постојано се смее, Прооде на 11 месеци и притоа заработи неколку модринки, но сѐ е дел од растењето. Единствен проблем е да му се стави капче на глава, но кога е на сонце, особено на плажа, настојувам да носи па знам да го прелажам и кога ќе се занесе во играњето да му го ставам на главчето“, раскажува Кики.

Иако можеби некои очекуваат еден топ-модел од нејзин калибар да обрнува особено внимание на тоа во што ќе го облече детето, па постојано да купува скапи и брендирани парчиња, таа уште еднаш покажува дека е максимално опуштена и нормална мајка. Наместо да фрла пари на брендирана облека која ќе ја прерасне за 1 месец, или пак ќе ја извалка за 1 минута, вели:

„Имам двајца внуци од сестра ми и многу другарки со мали деца кои постојано ми даваат не само гардероба туку и други работи што ми се потребни за Вања. До 3 месеци буквално ништо не му купувавме зашто навистина растат пребрзо. Ни јас не сум “шминкер“ и не „страдам“ по брендирана облека, па пресмешно ми е кога родителите си ги лечат своите фрустрации врз децата, но сепак, сите сме различни и имаме право да правиме како сакаме“.

Кога се породила, раскажува смеејќи се, си велев: „како е можно да го родам мали Цобе“! Дека многу личел на татко му постојано слушала од сите наоколу кои веднаш кога ќе го виделе ѝ го кажувале истото, но сега, вели, почнува да наликува на мене. Или, се смее таа, барем јас така си се тешам!

Освен што е создадена за да биде врвен топ-модел, Кики покажа дека е создадена за да биде мајка.

„Сум била створена за мајка и уживам буквално во секој миг како мајка. Ништо не ми паѓа тешко, а најубаво од сѐ ми е утринското галење со Вања. Бидејќи нема класична работа од 9 до 5, Кики сама си го чува детето, иако, признава, има голема помош и од двете баби и од нејзината сестра.

Што се однесува до професијата, кај неа речиси и нема пауза. Бидејќи за време на бременоста се поправила само 6 килограми и редовно вежба, се подразбира дека речиси веднаш се вратила во топ-форма. Ревии и онака  не работи веќе 6 години, но кога станува збор за снимање на каталози, има постојани ангажмани. Пред 2 месеци снимала на грчкиот остров Парос каталог за германски бренд

Фотографии од Вања одлучила сѐ уште да не објавува, па така не ни размислува на тема – заедничко снимање за некоја колекција за мајки и деца.

Приватно, летово Кики се подготвува за уште еден одмор на семејното трио,овојпат, во Италија и не планира второ дете во следните две години.

„Сакам да поработам уште малку. Работата ме исполнува и ме мотивира. Веќе имам опции за снимања за крајот на јуни и август и сум комплетно исполнета во секој поглед“, вели Катарина.

Драгица Христова

[better-ads type='banner' banner='999' ]