Капсули од постелка – измама или епохално откритие?

Речиси од ден на ден се среќаваме со вести кои ни носат нови „епохални откритија“ кога е во прашање здравјето. Едно од нив се и капсулите кои се рават од породилната постелка за кои се верува дека лекуваат многу постпородилни проблеми на жените.

0
191

Веднаш да ви кажеме, ова е прилично скап третман, а слободно можеме да кажеме дека е помодерна верзија на јадењето на постелката во кое веруваат Саентолозите и оние кои практикуваат холистика.

Постапката е следна: Постелката прво се вари, потоа се суши и се меле, па со таа содржина се полнат капсули кои мајката ги пие за да ја спрели постпородилната депресија и да ја поттикне продукцијата на млеко, а вакви капсули пиеја некои познати мајки, меѓу кои и Ким Кардашијан.

Што велат стручњаците?

Лекарите тврдат дека не постои ниту еден медицински доказ кој зборува во прилог на овие капсули, а од друга страна, оние кои практикуваат холистика сметаат дека јадењето на постелката може да има навистина големо влијание на здравјето на мајката, а жените кои ги пиеле овие капсули се колнат во нивната делотворност. Дали станува збор за автосугестија или за нешто друго, не е познато.

Ако размислите за претварањето напостелката во капсула треба да знаете дека е тоа многу сложен процес за кој ви е потребна голема количина пари и затоа е тоа моментално резервирано за оние со прлично длабоки џебови – богатите и славните.

Ризици

Во текот на породувањето и малку пред тоа многу често се случува постелката да се инфицира вотој случај нејзиното консумирање е неприфатливо, во било која форма. Исто така, доколку постелката била во допир со измет не би требало да се користи за овие цели. И трета работа за која секако треба да размислите е тоа дека вие никако не можетедабидете сигурни дали во капсулите е навистина вашата постелка или нешто друго (под претпоставка да ги изработи по баснословна сума некоја фармацевтска компанија специјално за вас).

За среќа, или за жал, ќе помне долго време пред овој тренд да заживее и кај нас.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]