Кампања на мајките на Инстаграм: Ова е постпородилно тело

Овие мајки направиле голем чекор во кревањето на јавната свест, но и во поттикнувањето на мајките вистински да се засакаат себеси и да сфатат дека не се сами.

0
374

Четири мајки-блогерки одлучиле да ја сменат свеста за изгледот на женското тело после породувањето. Мег Богс, Дезире Фортин, Кети Креншоу и Бетани Гарсија, се запознале преку социјалните мрежи, а кога се виделе во живо во април годинава, дошле на идеја да позираат и со искрена фотографија да покажат како се одразила бременоста на нивниот телесен изглед.

На фотографијата тие се облечени во килоти и маици поткренати до под градите, се насмевнуваат и порачуваат дека жените можат да бидат и вакви и онакви.

Овие мајки направиле голем чекор во кревањето на јавната свест, но и во поттикнувањето на мајките вистински да се засакаат себеси и да сфатат дека не се сами.

Седум месеци по породувањето Мег Богс и понатаму се соочувала со негативната слика на своето тело. Лошо се чувствувала затоа што не изгледала онака како што изгледаат трудниците и новопечените мајки на Инстаграм.

Гледав совршени стомачиња и не можев да се чувствувам добро затоа што мојот не беше ниту близу до перфекција“, рекла блогерката.

Со намера да се поврзе со жените слични на себе, направила блог на кој споделува фотографии од своето постпородилно тело.

На мое изненадување, пораката што ја испраќав беше позитивно прифатена.

Кулминацијата на овој блог се случила кога уште 25 мајки го споделиле своето искуство со постпородилното тело, депресијата и анксиозноста, со хаштаг #This_is_postpartum на Инстаграм.

Овие храбри мајки велат дека на еден злобен коментар на нивните фотографии, има десет од жени кои им себлагодарни.

Ако со ова сме ѝ помогнале на само една жена, благодарни сме и среќни поради тоа“, објаснила блогерката за списаниетоПипл.

Според мајките, негативните коментари се всушност предупредување дека ни претстои долг пат до промена на свеста на луѓето за изгледот на женското тело по породувањето.

Луѓето се чувствуваат непријатно заради нашите фотографии зато што тие не го претставуваат она што навикнале да го гледаат“, велат тие. Четирите мајки најавиле дека и натаму ќе ги охрабруваат мајките да не се срамат од своето тело и гордо да го покажуваат затоа што сепак во нив 9 месеци растело суштество кое на крајот внесло радост во нивните животи.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]