Кампања за новиот закон за абортус: Слобода е кога самата одлучуваш

Од денеска Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА стартува со кампањата со која, сака да ја подигне свеста за придобивките што ги носи неодамна усвоениот Закон за прекинување на бременоста.

0
135

Преку анимирани видеа на социјалните мрежи и информативни постери, кои ќе бидат дистрибуирани во јавни и приватни здравствени установи низ земјата, кампањата на ХЕРА ќе информира за позитивните законски промени, кои, како што велат оттаму, во споредба со претходниот закон, но и со последните случувања во регионот и пошироко, значително ја унапредуваат репродуктивната слобода кај нас.

„Со укинувањето на пристрасното советување и на тридневното чекање, кои досега беа задолжителни и токму затоа понекогаш и животозагрозувачки, добросостојбата на жената повторно е на прво место. Новиот закон предвидува воведување на медикаментозниот абортус (т.е. абортус со лекови) како уште една безбедна опција за прекинување на раната бременост, и тоа не само во болниците, туку и во соодветно опремените гинеколошки ординации на примарно ниво, со што ќе се зголеми пристапноста до оваа здравствена услуга низ целата земја.

Со поместувањето на Првостепената комисија, одлуката за абортус до 22-та недела од бременоста ќе биде исклучиво одлука на жената која повеќе нема ниту да мора да прибира документи од надлежните институции во случај на неочекувани социјално-економски околности или кога бременоста е последица на сексуално насилство.

Доследното спроведување на Законот за прекинување на бременоста, во чие изготвување учествуваше и ХЕРА како една од претставничките на Платформата за родова еднаквост, подразбира и подготовка на клиничко упатство за безбеден абортус, вклучувајќи го и медикаментозниот абортус, како и регистрирање на лековите за медикаментозен абортус.

Само со обезбедување квалитетна и достапна абортусна грижа ќе се намали стапката на нелегални абортуси, а репродуктивниот живот на жените, мажите и семејствата ќе стане безбеден и слободен“, велат од ХЕРА.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]