Јапонскиот архипелаг е опкружен со море и се наоѓа на границите на тектонските плочи во морето и на копно. Поради таквата местоположба, Јапонија се соочува со бројни природни катастрофи уште од многу одамна, вклучувајќи земјотреси, цунами и тајфуни.
Во Јапонија, едукацијата за справување со катастрофи се спроведува во дневните центри, основните и средните училишта, како и на универзитетите, за луѓето да можат да се заштитат од нив.
Во Токио, до секое домаќинство се дистрибуираат брошури со информации за тоа што можат да направат луѓето во сегашноста за спречување на катастрофите, со цел да се подигне свеста кај нив за превенција од истите.
Регионот Тохоку во Јапонија има слоган наречен „Цунами Тенденко“ што се пренесува низ генерациите уште од дамнина. „Тенденко“ значи „секој поединечно“, така што „Цунами Тенденко“ се користи за да ги охрабри луѓето да трчаат брзо кон повисоко место наместо да се погрижат за своите роднини, затоа што цунамито доаѓа непосредно после настанувањето на посилен земјотрес. Кај децата кои го учат овој слоган на обуките за евакуација, се забележува висока стапка на преживување за време на земјотресот и цунамито во Тохоку.
На овој начин, редовната едукација за превенција од катастрофи со лекции од минатото, што се одржува во јапонските основни училишта, игра значајна улога во заштитата на животот на децата.
Фото: Фејсбук