Како успеав да пораснам книшки молец во време на смартфони и таблети

Повеќето деца сега претпочитаат екрани наместо книги, но можно е да се всади страста за читање печатени книги. Еве како

0
354

Мојата осумгодишна ќерка Флора е книшки молец. Чита насекаде: во бањата, на масата и ноќе под својот јорган со батерија. Барем двапати, колку што јас знам, се повредила одејќи по тротоарот и истовремено читајќи. „Добра сум мамо“, ми рече таа кога првпат го стори тоа, изненадено отстапувајќи наназад соочена со бандерата.

Неодамна беше Светски ден на книгата, ден кога децата насекаде се охрабруваат да ги слават книгите и да уживаат во читањето. Оваа година тој се фокусира на радоста на споделување приказни со другите, а јас се чувствувам тажно кога гледам колку е ова потребно – и колку често се изненадени луѓето кога ја гледаат Флора како ужива во книгата во јавност.

Кога на пример, таа чита во рестораните, келнерите ми кажуваат колку е ретко да се види дете ке задлабочено во книга, наместо во телефон. Во продавничките таа често ќе се пикне во ќошот за да чита – и тогаш, кога ќе ја повикам да си одиме од продавницата, продавачите реагираат и ме молат да не ја прекинувам. „Гледајте, таа чита“, ќе ми шепнат, со тон на чудење, како да не можам самата да го видам тоа.

Отпрвин, ова ми изгледаше чудно. Однесувањето на Флора ми се чинеше сосема нормално – затоа што и јас бев книшки молец, како дете во 80-тите. Јас, исто така, имав неколку батерии и знаев како да ги користам, како и Флора, можев да отворам книга и да се исклучам од сè што се случуваше околу мене. Мислам дека ова не беше толку невообичаено во тоа време. Истражувањето на навиките за читање кај децата од 1977 година покажува дека 75% од децата од 10 до 14-годишна возраст во Велика Британија читале од задоволство. До 1999 година, кога бев во доцните тинејџерски години, оваа бројка се искачи на 79%.

Но, сега работите се различни. И кога Флора чита во јавност, тоа често привлекува внимание. Минатото лето, една постара дама ни пријде во парк затоа што ја забележа Флора како седи читајќи речиси половина час. „Тоа не е нешто што можете често да го гледате деновиве“, рече таа радосно. „Не мислев дека децата сѐ уште читаат така“.

Се чини дека книшките молци како Флора изумираат. Истражувањето објавено во денешниот Обсервер открива дека нешто повеќе од половина (53%) од децата читаат за задоволство во 2019 година, што е намалување од 59% во споредба со 2016 година. Само четвртина чита секојдневно, споредено со 43% во 2015 година. Мнозинството деца од сите возрасти сега преферираат книги на екраните, покажа едно друго неодамнешно истражување.

Кога Флора пишува свои приказни, нејзините роботи, диносауруси и волци се секогаш со женски род

Па, како се одгледува книшки молец во 2020 година? Лично, започнав со давање приоритет на сопствените задоволства. Додека на мојот сопруг не му пречеше да ѝ ги чита на Флора истите книги секоја вечер, јас сметав дека е тоа монотоно. Затоа, со помош на добротворните продавници и училишните саеми изградив голема колекција на сликовници што искрено сакав да ги прочитам – мешавина од сегашни бестселери и класици. И тоа беше моментот кога почнав да ја забележувам шемата.

Во сите сликовници доминираат машки ликови. Ретко може да се сретне женска хероина – уште поретки се женските непријатели или предатори. Не беше важно колку скоро биле објавени книгите, повеќето ликови беа машки – особено ако беа моќни. И машките ликови зборуваа многу почесто.

На крајот, спроведов големо истражување на оваа тема, прво за „Обсервер“, а потоа и за „Гардијан“. Но, во тоа време, решив да ги заменам сите заменки во нејзините книги. Јас го направив тоа со пенкало, така што секој друг што ѝ ги читаше овие книги, ќе ги читаше исто така.

Имаше забележителен ефект. До ден-денес, кога Флора пишува свои приказни, нејзините роботи, диносауруси и волци се секогаш женски. Таа пишува за храбрите женски хероини кои одат на авантури и се борат со страшни женски противници. Нејзината фантазија не е ограничена според нејзиниот пол: таа ги пишува приказните што ги прочита.

Ова имаше забележителен ефект. До ден-денес, кога Флора пишува свои приказни, нејзините роботи, диносауруси и волци се секогаш женски. Таа пишува за храбрите женски хероини кои одат на авантури и се борат со страшни женски противници. Нејзината фантазија не е ограничена според нејзиниот пол: таа ги пишува приказните што ги читаше.

Силно верувам дека менувањето на половите во овие книги во кои доминираат мажите, ѝ помогнало уште од мала возраст да ужива во читањето; да се гледа полесно во книгите што ги чита и да се идентификува повеќе со главните ликови. И, за разлика од другите деца, таа никогаш немала омилена книга. Наместо „повторно“, нејзиното типично барање беше „повеќе“.

Кога имаше околу три години, ние ѝ предложивме да си ги „чита“ своите сликовници самата кога ќе се разбуди, надевајќи се дека така ќе добиеме малку повеќе време за спиење – до 6 часот наутро. Изненадувачки, ова функционираше. Таа не можеше да чита, но сакаше да ги спојува приказните што ги знаеше со сликите што ги гледаше. Желбата да му се даде смисла на текстот – моќта да чита самата – започна да се развива.

За да ја инспирирам, наполнив еден стар паметен телефон со аудио книги класици што ги сакав како дете, како што се Вини-Пу и Тајната градина. Дома и на долгите патувања со автомобил ќе ги слушавме и уживавме заедно.

Го открив LibriVox аудио книги, кој нуди бесплатни преземања на книги што не се заштитени со авторски права, како што е Хајди. Се чинеше дека не е важно тоа што дека некои од нив се напишани пред повеќе од еден век и таа не можеше да го разбере секој збор. Контекстот, тонот и изразот помогнаа да ја сфати.

До моментот кога Флора започнала да учи да чита на училиште, таа имала широк речник и силно разбирање за заплети. Ова го олеснило процесот. Кога се мачеше ѝ велев дека да се биде во можност да се чита е како да имате магичен клуч – тоа ќе ви отвори нови светови – и мислам дека сфати што мислам. Наместо само да чита на глас, таа си правеше свои „аудио книги“, снимајќи се себеси како чита и потоа слушаше следејќи го текстот со прстот. Се чинеше дека читањето го правеше позабавно за неа.

Почнавме да носиме книги со нас насекаде и станавме чести посетители на библиотеката.

Годината кога го заврши приемот, ја купив славно смешната Frog and Toad Treasury  од Арнолд Лобел и ја поттикнав да ја чита секоја приказна гласно до крајот на летото. Таа беше толку горда на себе кога успеа да го стори тоа.

Тој септември, отидов толку далеку што го изгаснав телевизорот, освен по некои вести и повремено филм. Забранив и паметни телефони и таблети, освен аудио книги. Се обидов да осигурам таа да има секој ден слободно време што не беше исполнето со работни активности по завршувањето на училиштето. Потоа го купив „Волшебното дрво“ и го чекав неизбежното: „Досадно ми е, мамо“. Кога дојде до тоа, ѝ ја предадов книгата, надевајќи се дека блискоста на текстот ќе ѝ го олесни читањето на поглавјата самостојно.

На возраст од пет години, таа ја втурна глава во тивко читање. Нејзиниот глад особено за Блитон не знаеше за граници. За среќа за неа, добротворните дуќани се полни со нив.

Почнавме да носиме книги со нас насекаде и станавме чести посетители на библиотеката. Се навикнав да поминувам еден час таму, дозволувајќи ѝ да одбере. Таа ги голташе книгите. Смешните автори гласно ја смееја: го доби Diary of a Wimpy Kid за нејзиниот седми роденден и оттогаш не престана да ја чита и препрочитува серијата.

Сигурна сум дека не сфаќа сè што чита, но таа не се грижи за тоа, ниту пак јас. Таа чита од задоволство затоа што сака книги – и се сомневам дека секогаш ќе биде така. На крајот на краиштата, таа е книшки молец.

Шест начини да ги натерате децата да се навлечат на книги

1 Споделете го задоволството од читањето. Читајте книги гласно, едни на други или симнете аудио-книги и заедно слушајте ги.

2 Охрабрете го читањето за задоволство во која било форма – не е важно она што го читаат, сѐ додека уживаат во тоа.

3 Однесете ги во библиотеката и оставете им многу време да ги изберат книгите што ги сакаат.

4 Дуќаните за стари книги исто така можат да бидат забавни места за да пребарувате книги.

5 Дајте му на вашето дете простор и време за читање кога нема што друго да прави.

6 Земете книга или две со вас каде и да одите.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]