Како траумите од детството влијаат на животот на возрасната личност?

Многумина ја немаат среќата детството да ги потсетува на најубавиот период од животот, туку таму ги чекаат мрачни сцени кои со растењето научиле да ги потиснат.

0
692

Детството се смета за најчувствителен период на растењето, а искуствата што тогаш се проживуваат можат да остават неизбришлив белег во животот на поединецот, на многу полиња.

Кога размислувате за вашите рани години, првото нешто што ви паѓа на памет е безгранична среќа. И дали е тоа случај со сите луѓе?

Многумина не биле толку среќни детство да ги потсетува на најубавиот период од животот, туку таму ги чекаат мрачни сцени кои со растењето научиле да ги потиснат.

Сложена траума

Кога се помислува на траума, првата асоцијација е нешто што е многу лошо, тешко и болно. Тоа се претежно ужасни случаи на сексуално, психичко и физичко насилство, сообраќајни несреќи, природни непогоди или војна, едноставно настани што го делат животот на „пред“ и „потоа“.

Тоа е нешто за што не се размислува или не се зборува, но сепак е присутно и постојано ја мачи индивидуата.

Тоа е детско искуство што го нарушува квалитетот на животот во зрелата возраст.

Комплексната траума е многу тешко да се дијагностицира, опише и именува. Може да се појави како блиц сеќавање или како чувство на недоверба и осаменост, кое се вовлекува во меѓучовечките односи.

Комплексната траума не е секогаш поврзана со нешто што се случило, туку е и тоа како поврзано со тоа што е пропуштено, нешто што требало да се случи, а сепак, поради некоја причина не се случило. На пример, дете кое не добило поддршка и љубов може поради тоа да има проблем целиот свој живот.

Сложената траума во детството може да влијае на зрелоста на многу начини.

Хронични заболувања

Траумата може да остави трага на телото такашто влијае на развој на хронична болест. Една студија од 2014 година на Факултетот за медицина на Универзитетот во Вирџинија открила дека траумата во детството, особено ако тоа имало врска со сексуална експлоатација, е поврзано со повисоки стапки на карцином на дојка, дебелина и алкохолизам, пишува „Psychology Today“.

Исто така, забележан е зголемен ризик од развој на срцеви болести, болести на црниот дроб, белите дробови, автоимуни заболувања и хронични главоболки.

Сексуалност

Безгрижното растење со многу љубов што децата ја добиваат од своите најблиски е основа за прифаќање на сопственото тело на здрав начин. Недостатокот на сето тоа доведува до несигурност, такашто човекот не е во состојба да се поврзе со себеси и со тоа и не може да воспостави квалитетни односи со другите.

Студија спроведена на 10.000 возрасни покажала дека детската траума го зголемува ризикот од сексуално преносливи болести во зрелоста.

Само седум проценти од мажите кои немале трауматско детство имаат сексуално преносливо заболување, додека истото се случува кај 39 проценти од мажите кои рано претрпеле траума.

Жените со трауматско детско искуство имаат поголема веројатност да се вклучат во ризични сексуални однесувања.

Доживување на времето и просторот

Сите со себе носиме некои стравови, но луѓето кои доживеале трауми во детството буквално имаат дупки во нивната меморија и не прават планови за иднината.

Студијата спроведена на повеќе од 500 мажи и жени открила дека луѓето кои носат трауми од детството шест пати почесто имаат празнини во сеќавањето на настаните од тој животен период од оние кои имале безгрижно детство.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]