Училишниот округ Род Ајленд ја променил својата политика откако се соочил со критики за планот да им служат на учениците кои должат пари за ручек, сендвичи, наместо топол оброк.
Областа се соочила со притисок откако објавила на Фејсбук дека студентите кои должат пари за ручек ќе добиваат ладни сендвичи додека не се плати долгот.
Родителите оставиле голем број на лути коментари при што многумина тврделе дека одлуката ги казнува децата кои се во лоша финансиска состојба или пак дека износите што ги должат се тривијални.
Сите државни училишта на Род Ајленд се задолжени со државниот закон да им обезбедат ручек на учениците, а 69% од сервисите за ручек се бесплатни или се нудат по намалена цена.
Кај нас, трошоците за оброците на децата ги плаќаат родителите, а во основните училишта постојат различни цени и начини на организирање на исхраната за целодневната настава. Неодамна родителите од едно скопско училиште се пожалија дека нивните деца добивале храна со поминат рок поради што тие престанале да ја плаќаат храната на децата, па добиле опомена пред извршител за наплата на долг за неплатена ужинка од страна на фирмата која ја врши доставата на храната во училиштето.
Какви се искуствата со вашите деца?
Фото: Unsplash